Забелешки и мерки на претпазливост

При употреба

ЗАБЕЛЕШКА

Функциите на производот може да се разликуваат во зависност од моделот.

При користење на четката за прав или алатката за процепи може да почувствувате вибрации од правосмукалката.

ВНИМАНИЕ

При вадење на приклучокот за напојување од штекер, држете го приклучокот, а не кабелот.

Ве молиме не притиснувајте го копчето на рачката на кантичката за прав додека ја носите правосмукалката.

За складирање на производот, закачете го подниот чистач во малата вдлабнатина во долниот дел на куќиштето.

Чистење и одржување

ЗАБЕЛЕШКА

За да го исчистите филтерот за прав, додајте неутрален детергент во млака вода и потопете го филтерот во период од 30 минути пред да го исперете.

Не перете го излезниот филтер со вода.

За да добивате максимални перформанси од излезниот филтер, тој треба да се менува еднаш годишно.

За да спречите гребнатини врз подот, проверувајте ја состојбата на четката и заменете ја доколку е истрошена.

Филтри за замена можете да најдете кај вашиот локален сервисер од Samsung.

Држете го кабелот за напојување, а потоа притиснете го копчето за намотување на кабелот, бидејќи може да се повредите ако ја изгубите контролата на кабелот за напојување при намотувањето.

Ако кабелот за напојување не се намотува правилно, извлечете го приближно 2 ~ 3 метри и повторно притиснете го копчето за намотување на кабелот.

За да ја испразните и исчистите кантичката за прав, можете да ја исплакнете со ладна вода.

Ако вшмукувањето континуирано се намалува, ве молиме исчистете го филтерот за прав откако ќе погледнете во делот „Чистење на филтерот за прав“.

ВНИМАНИЕ

Проверете дали филтерот за прав е потполно сув пред да го вратите во правосмукалката.

––Оставете го да се суши најмалку 12 часа.

Сушете го филтерот за прав во сенка и не го изложувајте на сончева светлина, за да спречите деформација или избледување на боите.

Ако вшмукувањето континуирано се намалува или правосмукалката се прегрева, ве молиме исчистете го излезниот филтер.

Вшмукувањето може да се намали значително поради неправилно составување на филтерот за прав.

Ве молиме обратете се кај најблискиот сервисер доколку не можете да ги отстраните надворешните честички од цревото.

Чувајте ја правосмукалката во сенка за да спречите деформација или избледување на нејзините бои.

ополненијаД

Македонски 17