Во врска со напојувањето

Исклучете ја правосмукалката на куќиштето на апаратот пред да го извадите приклучникот од штекерот. Извадете го приклучникот од штекерот пред да ја празните кантичката за прав. За да избегнете оштетувања, извадете го приклучникот држејќи го него, а не со влечење на кабелот.

Приклучникот мора да биде изваден од штекерот пред чистењето или одржувањето на апаратот.

Не се препорачува користење на продолжен кабел.Спречете каков било ризик од струен удар или пожар.––Немојте да го оштетувате кабелот за напојување.––Не влечете го кабелот за напојување и не допирајте го штекерот со влажни раце.

––Немојте да користите извор на напојување кој е различен од државниот напон, ниту пак продолжителен кабел со повеќе приклучоци за истовремено напојување на повеќе уреди.

––Не го оставајте кабелот за напојување на подот.––Не употребувајте оштетен штекер, кабел или разлабавен штекер.

––Исклучете го напојувањето пред да го приклучите или исклучите кабелот за напојување во електричниот приклучок и внимавајте да не ги допрете контактите на приклучокот од кабелот за напојување со прсти.

––Не ја расклопувајте или модифицирајте правосмукалката. Ако кабелот за напојување е оштетен, обратете се кај производителот или сервисерот за да го замени овластено лице за сервисирање.

––Исчистете ја правта или другите надворешни честички од контактот на приклучокот за напојување.

Извадете го кабелот од штекер кога не ја користите правосмукалката. Исклучете го прекинувачот за напојување пред да го извадите кабелот.

Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да биде заменет од страна на производителот, сервисерот или друго квалификувано лице со цел да се избегнат несакани ситуации.

одготовкаП

Македонски 5