Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори.
•Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Немојте прекумерно да го влечете или прекршувате кабелот за напојување. Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување.
Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да поставувате тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу предмети или да го притискате кабелот во просторот зад уредот.
•Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
При вадење на приклучокот за напојување немојте да го влечете кабелот.
•Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Овој уред треба да се позиционира така што приклучокот за напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод да бидат достапни.
ВНИМАНИЕ: ВНИМАВАЈТЕ при инсталацијата
Овој уред треба да се позиционира на таков начин што приклучокот за напојување ќе биде лесно достапен.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар заради електрично истекување.
Инсталирајте го вашиот уред на цврста и рамна површина која може да ја издржи неговата тежина.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до абнормални вибрации, движења, шум или проблеми со производот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сериозни ПРЕДУПРЕДУВАЊА при користењето
Ако уредот е преплавен, веднаш исклучете ги доводите на вода и напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
•Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар.
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување. Не допирајте го уредот или кабелот за напојување.
•Немојте да користите вентилатор.
•Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
Не дозволувајте им на децата да играат во или врз машината за перење. Освен тоа, при отстранување на уредот, отстранете ја рачката на вратата од машината за перење.
•Доколку некое дете се заглави во производот, може да се задуши до смрт.
Македонски - 6
|
| 5/26/2017 4:56:44 PM | |
|
| ||
|
|
|
|