Settings (Поставувања)

Child Lock (Функција за заклучување за деца)

За да спречите несреќи предизвикани од деца или бебиња, Child Lock (Функцијата за заклучување за деца) ги заклучува сите копчиња освен копчето Settings (Поставувања).

До менито за Child Lock (Функцијата за заклучување за деца) можете да пристапите преку екранот на опцијата Settings (Поставувања) или лентата за брз пристап на панелот.

За да ја поставите Child Lock (Функцијата за заклучување за деца), допрете Settings (Поставувања), а потоа допрете го копчето Child Lock (Функција за заклучување за деца).

За активирање на функцијата Child Lock (Функцијата за заклучување за деца), притиснете го и задржете го копчето Activate (Активирај) 3 секунди.

За привремено деактивирање на функцијата Child Lock (Функцијата за заклучување за деца), притиснете го и задржете го копчето Temporarily Deactivate (Деактивирај привремено) 3 секунди.

За целосно деактивирање на функцијата Child Lock (Функцијата за заклучување за деца), притиснете го и задржете го копчето Deactivate (Деактивирај) 3 секунди.

За да додадете детергент или повеќе облека во барабанот или, пак, да ги промените поставувањата на циклусот во режим на Child Lock (Функција за заклучување за деца), прво мора да ја деактивирате или запрете Child Lock (Функцијата за заклучување за деца).

Child Lock (Функцијата за заклучување за деца) ќе се активира повторно по изминување на една минута од нејзиното привремено запирање

Drum Light (Светилка во барабанот)

За да ја вклучите или исклучите опцијата Drum Light (Светилка во барабанот), допрете Settings (Поставувања), а потоа придвижете ја лентата за опцијата Drum Light (Светилка во барабанот) на On (Вклучено) или Off (Исклучено).

Светилката во барабанот се исклучува автоматски по 5 минути.

Auto Dispense (Автоматско дистрибуирање)

Машината за перење располага за единица за дистрибуирање со две прегради: една за детергент, а другата за омекнувач. Единицата за автоматско дистрибуирање дистрибуира соодветно количество на детергент и омекнувач во барабанот, во зависност од програмата и циклусот.

За да ја овозможите опцијата Auto Dispense (Автоматско дистрибуирање)

1.Допрете Settings (Поставувања) > Auto Dispense (Автоматско дистрибуирање).

2.Придвижете ја лентата за опцијата Auto Detergent (Автом. користење на детергент) на On (Вклучено), а потоа поставете ја опцијата Amount (Количество) и опцијата Water Hardness (Тврдост на водата).

3.Придвижете ја лентата за опцијата Auto Softener (Автом. користење на омекнувач) на On (Вклучено), а потоа поставете ја опцијата Amount (Количество) и опцијата Concentration (Концентрација).

4.Допрете Save (Зачувај).

Brightness (Светлина)

Поставете ја светлината на LCD екранот

Допрете Settings (Поставувања), а потоа допрете ги знаците (-/+) за да го зголемите или намалите нивото на светлина.

Македонски - 34

Untitled-634

 

 

5/26/2017 4:56:52 PM