Рачно дистрибуирање

Доколку не сакате да ја користите единицата за дистрибуирање (единицата за автоматско дистрибуирање), можете да ставите доза детергент директно во барабанот или да го употребите испорачаниот aqua сад за рачно ставање на детергент. Aqua садовите се достапни во две големини и се испорачуваат како дополнителна опрема со вашиот уред. Изберете го соодветниот Aqua сад според количеството на детергент.

1.Исклучете ја опцијата Auto Detergent (Автом. користење на детергент).

Погледнете “Auto Dispense (Автоматско дистрибуирање)” на страница 34.

2.Ставете детергент во прав, гел или течен детергент со соодветниот Aqua

сад (A). Погледнете ја ознаката за количество од внатрешната страна на

A

aqua садот.

 

3.Ставете го aqua садот кон крајот на барабанот.

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ПРЕД

По завршување на перењето, извадете го aqua садот од барабанот и исчистете го понатамошна употреба.

ВНИМАНИЕ

Средство за омекнување може да се стави само со помош на единицата за автоматско дистрибуирање. Не е дозволено рачно ставање.

Бидете внимателни при вметнувањето на aqua садот бидејќи тој треба да биде поставен рамномерно при почетокот на перењето. Ако го превртите aqua садот пред да започне перењето, тоа може да предизвика остатоци од детергентот врз алиштата на крајот од перењето, предизвикувајќи избледување на алиштата и/или послаби перформанси за перење.

Не ставајте детергент и во преградата за автоматско користење на детергент и во aqua садот.

Ако сакате да користите друг детергент, не заборавајте прво да го исчистите aqua садот.

Не го ставајте aqua садот во превиткано ќебе или помеѓу различна облека.

Не ја избирајте опцијата Pre Wash (Предперење) кога го користите aqua садот.

Ставањето премногу детергент може да ги предизвика следните проблеми, кои може да резултираат со дефект на машината и/или пократок работен век на производот.

Преголемите количини на детергент предизвикуваат вишок меурчиња, а како резултат на тоа се продолжува времето на плакнење.

Тоа може да предизвика и остатоци од детергент во барабанот по завршување на перењето.

Користете соодветни количини на детергент според спецификациите на производителот на детергентот.

При перење на алишта во боја, доколку сакате рачно да ставите доза детергент, ви препорачуваме да го користите Aqua садот.

Македонски - 25

Untitled-6 25

 

 

5/26/2017 4:56:49 PM