Напатствија за перење

ЧЕКОР 1 - Сортирање

Сортирајте ја облеката според следните критериуми:

Ознака за грижа: Сортирајте ја облеката во памук, мешана ткаенина, синтетика, свила, волна и вештачка свила.

Боја: Одделете ја белата облека од облеката во боја.

Големина: Мешањето на облека со различна големина ги подобрува перформансите на машината за перење.

Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете ги одделно со користење на опцијата за лесно пеглање. Проверете ги ознаките на облеката.

Не заборавајте да ја погледнете ознаката за грижа на облеката и сортирајте ги соодветно, пред да започнете со перењето.

ЧЕКОР 2 - Испразнете ги џебовите

Испразнете ги сите џебови од вашата облека

Металните предмети како парички, игли и токи на облеката можат да ја оштетат другата облека што ја перете, а исто така и барабанот.

Превртете ги наопаку алиштата со копчиња и вез

Ако патентите на панталоните или јакните се отворени при перењето, може да дојде до оштетување на барабанот. Патентите треба да бидат затворени и обложени со лента.

Алиштата со долги ленти може да се заплеткаат со другите алишта. Не заборавајте да ги врзете лентите пред да започнете со перењето.

ЧЕКОР 3 - Користете мрежа за перење

Градниците (што можат да се перат) мора да бидат ставени во мрежа за перење. Металните делови од градниците може да го пробијат материјалот и да ги исцепат другите алишта.

Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња може да се заглават околу вратата. Ставете ги во мала мрежа за перење.

Немојте да ја перете само мрежата за перење без други алишта. Ова може да предизвика абнормални вибрации кои можат да ја поместат машината за перење и да предизвикаат повреди.

Чекор 4 - Предперење (доколку е потребно)

Изберете ја опцијата предперење за избраниот циклус доколку алиштата се многу валкани. Не ја користете опцијата предперење кога рачно ставате детергент во барабанот.

Македонски - 21

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ПРЕД

Untitled-6 21

 

 

5/26/2017 4:56:48 PM