Smart control (Паметна контрола)

Со опцијата Smart Control (Паметна контрола), можете да ја контролирате машината за перење преку вашиот мобилен уред. Допрете ја оваа икона за да ја вклучите или исклучите функцијата Smart control (Паметна контрола).

1.Допрете Settings (Поставувања) > Придвижете ја лентата за опцијата Smart Control (Паметна контрола) на On (Вклучено).

2.Назад на главниот екран, функцијата Smart Control (Паметна контрола) е активна.

3.Допрете Deactivate (Деактивирај) за да ја оневозможите функцијата, а Smart Control (Паметна контрола) ќе се деактивира.

Иконата ќе се затемни ако опцијата Smart Control (Паметна контрола) не е активирана.

Секое допирање на икона или притиснување на копче на машината за перење ќе ја деактивира опцијата Smart Control (Паметна контрола).

Ако не сте поврзани на безжична мрежа, функцијата Smart Control (Паметна контрола) не е достапна.

Изберете метод на поврзување за надворешните уреди при допирање на Smart Control (Паметна контрола).

Eco Check (Еко проверка)

Енергетската/водна ефикасност од последните 4 циклуси се прикажува со технички извештај за потрошувачката на енергија, нивоата на водата, поставувањата на циклусите и опциите.

1.Допрете Settings (Поставувања) > Eco Check (Еко проверка). На екранот ќе се појави краток преглед од последните 4 циклуси.

2.Допрете на некој од циклусите за да се прикаже технички извештај за тој циклус.

Self Check (Самостојна проверка)

Машината за перење може да врши самостојна дијагноза на тековниот систем. Грешките при работа и проблемите на машината се присутни во екранот со резултати.

Допрете Settings (Поставувања) > Self Check (Самостојна проверка) > Start (Активирање).

Calibration (Калибрација)

Опцијата Calibration (Калибрација) овозможува прецизно откривање на тежина кај машината за перење. Проверете дали барабанот е празен пред да извршите Calibration (Калибрација).

1.Допрете Settings (Поставувања) > Calibration (Калибрација) > Start (Активирање).

Вратата ќе биде заклучена за време на постапката.

Барабанот ќе се врти во насока на стрелките на часовникот и обратно неколку минути.

2.Кога ќе заврши, машината за перење автоматски ќе се исклучи.

Македонски - 36

Untitled-636

 

 

5/26/2017 4:56:52 PM