Апликација Samsung Smart Washer

Кога ќе ја користите апликацијата Samsung Smart Washer, не заборавајте да изберете “Samsung Smart Washer” во менито за поставување.

Апликацијата Samsung Smart Washer ви овозможува да контролирате одредени функции на машината за перење преку вашиот мобилен уред.

Преземање

1.Побарајте ја апликацијата Samsung Smart Washer во Play Store или Apple Store.

2.Преземете ја и инсталирајте ја апликацијата на мобилниот уред.

3.Активирајте ја апликацијата Samsung Smart Washer на вашиот мобилен уред.

Поврзете се со машината за перење

Машината за перење мора да биде поврзана на Wi-Fi мрежа.

Indoor control (Внатрешна контрола)

За да го овозможите овој режим, мобилниот уред мора да биде поврзан на истата мрежа како и машината за перење.

1.На мобилниот уред, допрете Indoor control (Внатрешна контрола) за да се прикаже листа на достапни модели на машини за перење.

2.Допрете го името на моделот на машината за перење за да се поврзете со неа, а потоа допрете OK. Ќе се појави прозорецот за автентикација.

3.На машината за перење, допрете Settings (Поставувања), а потоа придвижете ја лентата за опцијата Smart Control (Паметна контрола) на On (Вклучено). Постапката за автентикација ќе започне.

Постапката за автентикација е потребна само еднаш при првото користење.

Outdoor control (Надворешна контрола)

За да го овозможите овој режим, машината за перење мора да биде регистрирана на веб-сајтот Samsung Smart Appliance (www.samsungsmartappliance.com).

1.На машината за перење, допрете Settings (Поставувања), а потоа придвижете ја лентата за опцијата Smart Control (Паметна контрола) на On (Вклучено).

2.На мобилниот уред, допрете Outdoor control (Надворешна контрола), а потоа внесете ги информациите за најавување.

Ќе се појави листа со регистрирани уреди.

3.Допрете на некој уред од листата што сакате да го контролирате. Тогаш автоматски ќе се воспостави далечинска врска помеѓу машината за перење и мобилниот уред.

Не е потребна постапка за автентикација.

Македонски - 42

Untitled-6 42

 

 

5/26/2017 4:56:53 PM