Упатства за детергенти

Автоматско дистрибуирање

Машината за перење располага за единица за дистрибуирање со две прегради: левата преграда е за детергент, а десната преграда за омекнувач. Единицата за автоматско дистрибуирање дистрибуира соодветно количество на детергент и омекнувач во барабанот, во зависност од програмата и циклусот.

ВНИМАНИЕ

Користете само течен детергент и омекнувач со единицата за автоматско дистрибуирање.

Проверете дали единицата за автоматско дистрибуирање е целосно вметната. Машината за перење нема да започне сè додека единицата за автоматско дистрибуирање не се постави правилно.

Ако сакате да користите друг детергент, не заборавајте прво да ја исчистите преградата со детергент.

Не мешајте детергент со омекнувач во ниту една од преградите.

За да спречите стврднување на детергентот, не го отворајте капачето на преградата откако ќе го ставите детергентот во неа.

Не користете средство за белење кое може да предизвика корозија и/или да генерира гас.

Не ја превртувајте единицата за автоматско дистрибуирање наопаку. Содржината може да се истури преку отворите за вентилација.

Не притиснувајте го копчето за одвод во долниот дел на единицата за автоматско дистрибуирање додека ја движите. Содржината може да истече.

Бидете внимателни при ставање на детергент или омекнувач во единицата. Можно е да ја истурите содржината.

Не заборавајте да ја отстраните единицата за автоматско дистрибуирање пред да ставите детергент.

При отстранување на единицата за автоматско дистрибуирање, проверете го преостанатото количество на детергент без разлика дали сте добиле порака за грешка или не, бидејќи во единицата може да има заостанато мало количество детергент или, пак, детергентот може да истекува на дното на уредот.

Целосно вметнете ја единицата за автоматско дистрибуирање. Нецелосното вметнување може да доведе до неуспешно дистрибуирање.

Стандардно, функцијата Auto Dispense (Автоматско дистрибуирање) ги исклучува циклусите Delicates (Деликатни алишта), Wool (Волна), Baby Care (Грижа за бебиња) или Outdoor Care (Грижа за облека за надвор од домот).

За да ја овозможите функцијата Auto Dispense (Автоматско дистрибуирање) во овие циклуси, допрете Settings (Поставувања)или лентата за брз пристап на панелот > Auto Dispense (Автоматско дистрибуирање) и променете ги поставувањата во зависност од потребата.

Македонски - 23

ЗАПОЧНЕТЕ ДА ПРЕД

Untitled-6 23

 

 

5/26/2017 4:56:48 PM