Во случај на мрзнење
Машината за перење може да замрзне доколку температурата падне под 0 °C.
1.Исклучете ја машината за перење и исклучете го кабелот за напојување.
2.Ставете топла вода врз славината за вода за да го ослободите цревото за довод на вода.
3.Отстранете го цревото и потопете го во топла вода.
4.Ставете топла вода во барабанот и оставете да постои 10 минути.
5.Повторно поврзете го цревото за довод на вода со славината за вода.
Ако машината за перење сè уште не започнува да работи нормално, повторувајте ги чекорите погоре сè додека не успеете.
Грижа при долги периоди на неактивност
Не ја оставајте машината за перење неактивна долг временски период.
Ако немате друг избор, испуштете ја водата од машината за перење и исклучете го кабелот за напојување.
1.На главниот екран, допрете Course (Циклус) > Cotton (Памук) со опција за Quick Wash (Брзо перење).
2.Испразнете го барабанот и допрете Start (Активирање).
3.По завршување на циклусот, затворете ја славината за вода и откачете го цревото за довод на вода.
4.Исклучете ја машината за перење и исклучете го кабелот за напојување.
5.Отворете ја вратата за да му овозможите на воздухот да циркулира низ барабанот.
Македонски - 49
ОДРЖУВАЊЕ
|
| 5/26/2017 4:56:55 PM | |
|
| ||
|
|
|
|