6.Држејќи го делот (E), поврзете го цревото за довод на вода со адаптерот. Потоа, пуштете го делот (E). Кога цревото ќе се вметне во адаптерот ќе се

слушне звук - "клик".

E

7.Поврзете го другиот крај од цревото за довод на вода со вентилот за довод на задната страна од машината за перење. Завртете го цревото во

насока на стрелките на часовникот за да го прицврстите.

8.Отворете ја славината за вода и проверете дали има истекувања на вода

околу спојните места. Доколку има истекување на вода, повторете ги претходните чекори.

Ако користите славина за вода од тип на завртување, поврзете го цревото за вода со славината за вода како што е прикажано.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Престанете да ја користите машината за перење доколку истекува вода и обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung. Во спротивно, може да дојде до електричен удар.

ВНИМАНИЕ

Не го истегнувајте цревото за довод на вода со преголема сила. Ако цревото е прекратко, заменете го со подолго црево за висок притисок.

Откако ќе го поврзете цревото за довод на вода со адаптерот, проверете дали цревото за довод на вода е правилно поврзано повлекувајќи го надолу.

Користете стандарден вид на славини за вода. Ако славината има квадратна форма или е премногу голема, отстранете го прстенот за прилагодување пред да ја вметнете славината во адаптерот.

Македонски - 16

Untitled-616

 

 

5/26/2017 4:56:47 PM