Гаранција и сервис (продолжение)

Што значи кога грејниот дел не свети црвено?

MK

Избраната температурата на зоната за готвење се прилагодува со сензор кој го вклучува и исклучува греењето, така што површината за готвење нема постојано да свети црвено. Доколку изберете помало ниво на јачина, загревањето ќе се вклучува и исклучува многу почесто отколку кај повисоките нивоа. Загревањето исто така се вклучува и исклучува и кај повисоките нивоа.

Доколку го повикате сервисот заради неправилно ракување со уредот, посетата од страна на техничкото лице може да ви биде наплатена иако сè уште трае гаранцискиот период.

Сервис

Пред да побарате помош или поправка, ве молиме разгледајте го делот “Отстранување на проблеми”.

Доколку сè уште ви е потребна помош, следете ги упатствата подолу.

Дали грешката е од техничка природа?

Доколку е така, ве молиме обратете се до сервисниот центар.

Секогаш однапред подгответе се за разговорот. Ова ќе го олесни процесот на дијагноза на проблемот и одлуката дали посетата на лице од сервисот е неопходна.

Ве молиме запишете ги следните информации.

Каков е описот на проблемот?

Под кои околности се случува проблемот?

Пред повикот, ве молиме да го забележите моделот и серискиот број на вашиот уред. Овие информации се дадени на плочката со податоци во следниот облик:

Опис на моделот

S / N код (15 цифри)

Ви препорачуваме тука да ги запишете информациите за полесен пристап. Модел:

Сериски број:

Кога можат да се појават трошоци за вас дури и за време на гаранцискиот рок?

доколку самите сте можеле да го отстраните проблемот со примена на некое од решенијата наведени во делот “Отстранување на проблеми”.

доколку техничкото лице од сервисот мора да направи повеќе повици до сервисот бидејќи не сте ги дале сите релевантни информации пред посетата, по што како резултат, на пример, лицето ќе мора повторно да патува по резервни делови. Подготовката пред повикот според горните совети ќе ги заштеди трошоците за ваквите патувања.

C61R2AEEP_BOL_DG68-00125D-04_MK_161107.indd 27

27

2016-11-07 �� 11:13:29

Page 91
Image 91
Samsung C61R2AAST/XEH, C61R2AAST/BOL manual Гаранција и сервис продолжение, Сервис, Дали грешката е од техничка природа?