
Сериозни предупредувања во однос на
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ електриката
Редовно вршете отстранување на сите супстанци како прав или вода од приклучокот за напојување и допирните точки со помош на сува крпа.
-Извадете го приклучокот за напојување и исчистете го со сува крпа.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Приклучокот за напојување поврзете го во штекерот во правилна насока, така што кабелот ќе паѓа надолу кон подот.
-Ако приклучокот за напојување го поврзете во штекерот во спротивна насока (завртен нагоре), електричните жици во кабелот може да се оштетат и ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Приклучокот за напојување цврсто вметнете го во ѕидниот штекер. Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори.
-Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Немојте да го влечете или прекршувате кабелот за напојување. Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување.
Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да поставувате тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу предмети или да го притискате кабелот во просторот зад уредот.
-Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
При вадење на приклучокот за напојување, немојте да го влечете кабелот.
-Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Кога кабелот на уредот ќе се оштети, обратете се до најблискиот сервисен центар.
Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или за време на невреме со грмотевици.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или за време на невреме со грмотевици.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Сериозни предупредувања во однос на
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ користењето
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување. Не допирајте го уредот или кабелот за напојување.
-Немојте да користите вентилатор.
-Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
Обрнете внимание вратата, грејачот и другите делови да не дојдат во допир со телото за време или веднаш по готвењето.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до изгореници.
6_ мерки за безбедност
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|