
Немојте да ја прегревате храната.
-Ова може да предизвика пожар.
Немојте да загревате храна завиткана во хартија како на пр. списанија или весници.
-Ова може да предизвика пожар.
Не употребувајте и не поставувајте запаливи спрејови или предмети во близина на плотната.
-Ова може да предизвика пожар или експлозија.
Немојте да ги ставате вашите прсти, надворешни супстанци или метални предмети како на пр. игли во деловите за довод, одвод и отворите. Доколку во некој од овие отвори навлезат надворешни супстанци, извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер и обратете се до вашиот продавач или најблискиот сервисен центар.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или повреди.
НИКОГАШ не преполнувајте го садот до врвот и избирајте садови кои имаат поширок горен дел во однос на дното, за да се спречи изливање на течноста. Шишињата со тесно грло може да експлодираат ако се прегреат.
НИКОГАШ не загревајте го шишето за бебе заедно со цуцлата, бидејќи може да експлодира доколку се прегрее.
Не вклучувајте го кабелот за напојување доколку е воден и држете го подалеку од загреана површина.
Не вклучувајте го уредот ако кабелот или приклучокот се оштетени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Течностите и останатата храна не смеат да се загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија.
Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите модификации на уредот.
-Не употребувајте какви било други осигурувачи (како на пр. бакарни, од челична жица, итн.) различни од стандардниот осигурувач.
-Кога е потребна поправка или повторно инсталирање на уредот, обратете се до најблискиот сервисен центар.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.
Доколку во уредот навлезат надворешни супстанци како вода, извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Ако уредот е преплавен, обратете се до најблискиот сервисен центар.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
ВНИМАНИЕ Мерки на претпазливост при користењетоОбрнете внимание бидејќи пијалоците или храната можат да бидат многу жешки по загревањето.
-Особено внимавајте дали храната е доволно изладена при хранење на дете.
8_ мерки за безбедност
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|