
За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните делови на плотната.
СЕКОГАШ употребувајте ракавици при отстранување на сад од плотната за да не се изгорите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Содржината на шишињата и тегличките со храна за деца треба да се промешаат или протресат и да се провери температурата пред употребата, за некој да не се изгори.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, сервисерот или други квалификувани лица со цел да се избегнат несакани ситуации.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Дозволена е употреба на плотната од страна на деца без надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции за детето да може да ја користи плотната на безбеден начин и доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Достапните делови може да се загреат за време на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте им на малите деца да бидат во близина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Доколку на плотната има пукнатини, исклучете го уредот за да ја избегнете можноста од електричен удар. Не употребувајте ја плотната додека не се замени стаклената површина.
Металните предмети како ножевите, вилушките, лажиците и капаците не треба да се поставуваат на површината на плотната бидејќи може да станат жешки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Исклучете го уредот пред замената на светилката за да се избегне можноста од електричен удар.
Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце.
-Ова може да предизвика електричен удар.
Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека е во тек користењето на уредот.
-Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.
Амбалажата за пакување чувајте ја подалеку од дофат на децата, бидејќи амбалажата може да биде опасна за децата.
-Доколку дете стави ќеса преку својата глава, може да дојде до задушување.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, изгореници или повреди.
Никогаш не го употребувајте овој уред за други намени освен за готвење.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.
Никогаш не загревајте пластични или хартиени садови и немојте да ги користите при функционирањето на плотната.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до пожар.
мерки за безбедност _7безбедност за мерки
|
| ||
|
| ||
|
|
|
|