Штетен софтвер и вируси

За да го заштитите Вашиот уред од штетен софтвер и вируси, следете ги овие совети за користење. Во спротивно може да дојде до оштетување или загуба на податоци што може да не е покриено со гаранцијата

Не преземајте непознати апликации.

Не посетувајте недоверливи интернет-страници.

Избришете ги сомнителните пораки или пораките од е-поштата од непознати испраќачи.

Поставете лозинка и менувајте ја редовно.

Деактивирајте ги безжичните одлики, како што е Bluetooth, кога не се во употреба.

Ако уредот функционира абнормално, скенирајте го за инфекции со антивирусна програма.

Скенирајте го Вашиот уред со антивирусна програма пред да стартувате новопреземени апликации и фајлови.

Инсталирајте антивирусни програми на Вашиот компјутер и редовно скенирајте со нив за проверка од инфекции.

Немојте да го изменувате регистарот или да го модифицирате оперативниот систем на уредот.

Информации за SAR (Specific Absorption Rate) сертификатот

За повеќе информации, посетете www.samsung.com/sar и побарајте го Вашиот уред со пребарување на неговиот број на модел.

Македонски