Штетен софтвер и вируси

За да го заштитите Вашиот уред од штетен софтвер и вируси, следете ги овие совети за користење. Во спротивно може да дојде до оштетување или загуба на податоци што може да не е покриено со гаранцијата

Не преземајте непознати апликации.

Не посетувајте недоверливи интернет-страници.

Избришете ги сомнителните пораки или пораките од е-поштата од непознати испраќачи.

Поставете лозинка и менувајте ја редовно.

Деактивирајте ги безжичните одлики, како што е Bluetooth, кога не се во употреба.

Ако уредот функционира абнормално, скенирајте го за инфекции со антивирусна програма.

Скенирајте го Вашиот уред со антивирусна програма пред да стартувате новопреземени апликации и фајлови.

Инсталирајте антивирусни програми на Вашиот компјутер и редовно скенирајте со нив за проверка од инфекции.

Немојте да го изменувате регистарот или да го модифицирате оперативниот систем на уредот.

Македонски