чистење и одржување
РАЧНО ЧИСТЕЊЕ
Рерната и додатоците треба да се изладат пред да се започне со чистењето.
Внатрешност на рерната
•За чистење на внатрешноста на рерната, употребете чиста крпа и нежно средство за чистење или топла сапуница.
•Немојте рачно да ја чистите бравата на вратата.
•Немојте да користите сунѓери за чистење.
•За отстранување на тврдокорните нечистотии, користете специјални средства за чистење на рерни.
•Надворешната плоча треба да се чисти со жешка вода, детергент и мека најлонска четка.
Не користете абразивни средства за чистење, тврди четки, парчиња груба ткаенина, метална жица, ножеви или други абразивни материјали.
Надворешност на рерната
•За чистење на надворешноста на рерната, употребете чиста крпа и нежно средство за чистење или топла сапуница.
•Пребришете со хартија за кујна или сува крпа.
•Немојте да користите жица за чистење и каустични или абразивни средства за чистење.
Површина од каталитички емајл (опционално)
Отстранливата површина на куќиштето е прекриена со
1.Извадете ги сите додатоци од внатрешноста на рерната.
2.Чистете ги сите внатрешни површини на рерната како што е опишано во делот за рачно чистење.
3.Поставете ја рерната на горно и долно греење.
4.Поставете ја јачината на 250 °C.
5.Вклучете ја рерната околу 1 час. Времетраењето зависи од степенот на валканост. Преостанатите маснотии постепено ќе исчезнуваат со секое наредно користење на рерната со висока температура.
Преден дел од челик кој не 'рѓосува
•Немојте да користите метална жица, груби сунѓери или други абразивни средства. Тие можат да ја оштетат површината.
Преден дел од алуминиум
•Нежно пребришете ја површината со мека чиста крпа или ткаенина со микро влакна и благ детергент за чистење прозорци.
Додатоци
•По секое користење измијте ги додатоците и пребришете ги со крпа за кујна. Доколку е потребно, за полесно чистење накиснете ги околу 30 минути во топла сапуница.
чистење и одржување_15
чистење и одрвуањеж