Samsung UE65KS7500SXXN Еко сензор и осветленост на екранот, Предупредување за неподвижна слика

Models: UE55KS7502UXXH UE55KS7500SXXH UE65KS7500SXXN UE65KS7500SXXH UE49KS7502UXXH UE43KS7500SXXN UE55KS7500SXXN UE43KS7500SXXH UE65KS7502UXXH UE43KS7502UXXH UE49KS7500SXXN UE49KS7500SXXH

1 228
Download 228 pages 44.99 Kb
Page 163
Image 163

Еко сензор и осветленост на екранот

Функцијата Еко сензор автоматски ја прилагодува осветленоста на телевизорот. Оваа функција ја мери светлината во вашата соба и автоматски ја оптимизира осветленоста на телевизорот за да ја намали потрошувачката на енергија. Ако сакате да ја исклучите оваа опција, одете во > Поставув. > Систем > Еко решение > Еко сензор.

-- Ако екранот е премногу темен додека гледате телевизија во темно опкружување, за тоа може да биде одговорна функцијата Еко сензор.

-- Не го блокирајте сензорот со какви било предмети. Ова може да предизвика намалување на осветленоста на сликата.

Предупредување за неподвижна слика

Избегнувајте прикажување фотографии на екранот (како фајлови со слики во jpeg формат) или елементи од фотографии (како лого ознаки од телевизиските канали, ленти за известувања за берзата или новости на дното од екранот итн.) или, пак, програми во панорамски или 4:3 формат на слика на екранот. Ако постојано прикажувате фотографии, тоа може да предизвика заостанати слики на LED екранот и да го намали квалитетот на сликата. За да го намалите ризикот од овој несакан ефект, следете ги препораките наведени подолу:

Избегнувајте прикажување на иста фотографија во долги временски периоди.

Обидете се секоја слика да ја прикажете на цел екран. За најдобро усогласување користете го менито за поставување на форматот на сликата на телевизорот.

Намалете ги светлината и контрастот за спречување на појавата на заостанати слики.

Употребувајте ги сите функции на телевизорот кои се дизајнирани да го намалат задржувањето на сликите и горењето на екранот. Погледнете во e-Manual за деталите.

Грижа за телевизорот

Ако на ТВ екранот била залепена некоја налепница, на тоа

место може да се појават нечистотии откако ќе ја отстраните налепницата. Ве молиме исчитете ги нечистотиите пред да започнете да гледате телевизија.

Надворешниот дел и екранот на телевизорот може да се

изгребат при чистење. Не заборавајте внимателно да го избришете надворешниот дел и екранот со мека крпа за да не направите гребнатини.

Не прскајте вода или каква било течност директно на телевизорот. Секоја течност која ќе навлезе во производот може да предизвика неисправност, пожар или електричен удар.

Исклучете го телевизорот, а потоа внимателно избришете ги дамките и отпечатоците од прсти на екранот со ткаенина од микрофибер. Исчистете ја надворешноста на телевизорот или екранот со мека ткаенина од микрофибер натопена со мало количество на вода. Потоа, отстранете ја влагата со сува ткаенина. Не употребувајте голема сила врз површината за време на чистењето бидејќи така можете да го оштетите екранот. Никогаш не користете запаливи течности (бензен, разредувач итн.) или средство за чистење. За тврдокорни дамки, испрскајте мало количество средство за чистење екрани на ткаенината.

Македонски

Македонски - 9

Page 163
Image 163
Samsung UE65KS7500SXXN manual Еко сензор и осветленост на екранот, Предупредување за неподвижна слика, Грижа за телевизорот