безбедносни информации

Ви честитаме за вашата нова машина за перење од Samsung. Ова упатство содржи важни информации за инсталирањето, користењето и грижата за вашиот уред. За целосно да ги искористите придобивките и функциите на вашата машина за перење, ве молиме прочитајте го упатството.

Што треба да знаете за безбедносните мерки

Ве молиме внимателно да го прочитате упатството, за да бидете сигурни дека знаете како безбедно и ефикасно да ракувате со важните функции на вашиот нов уред, и чувајте го на безбедно место во близина на уредот за користење во иднина. Овој уред употребувајте го единствено за наменетата функција како што е опишано во ова упатство. Предупредувањата и важните безбедносни мерки во ова упатство не ги опфаќаат сите околности и ситуации кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при инсталирањето, одржувањето и употребата на вашата машина за перење.

Бидејќи следните инструкции за користење опфаќаат различни модели, карактеристиките на вашата машина за перење можат малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и можно е некои предупредувања да не бидат релевантни. Доколку имате прашања или одредени грижи, обратете се до најблискиот сервисен центар или

побарајте помош и информации преку интернет од www.samsung.com.

Важни симболи за безбедност и мерки на претпазливост

Што означуваат малите слики и симболите во ова упатство за користење:

 

Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

повреди, смрт и/или оштетување на околината.

 

 

 

Ризично или опасно ракување кое може да предизвика повреди и/

ВНИМАНИЕ

или оштетување на околината.

 

 

 

 

За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен удар и

ВНИМАНИЕ

други повреди при употребата на машината, придржувајте се кон

следните мерки на претпазливост:

 

 

НЕ обидувајте се.

НЕ расклопувајте.

НЕ допирајте.

Експлицитно следете ги упатствата.

Извадете го приклучокот за напојување од ѕидниот штекер.

Проверете дали машината е заземјена заради избегнување на електричен удар.

Повикајте го сервисниот центар за помош.

Забелешка

Целта на овие предупредувачки знаци е да спречат повреда кај вас и кај другите лица. Ве молиме следете ги експлицитно.

Откако ќе го прочитате овој дел, чувајте го на безбедно место за користење во иднина.

Прочитајте ги сите инструкции пред да го употребите уредот.

Како и кај сите уреди кои содржат електрични и подвижни делови, постојат одредени потенцијални опасности. За безбедно користење на уредот, запознајте се со начинот на

функционирање и бидете внимателни при неговото користење.

Македонски - 3

 

 

 

 

WD0804W8E-03264A-03_MK.indd 3

2014/12/8 16:15:30