Немојте да се качувате врз уредот или да поставувате предмети врз него (како алишта, запалени свеќи, запалени цигари, садови, хемикалии, метални предмети итн.).
-Ова може да предизвика електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.
Немојте да прскате испарливи материјали како инсектициди на површината од уредот.
-Освен што е штетно за луѓето, тоа исто така може да предизвика електричен удар, пожар или проблеми со производот.
Не ставајте предмети кои генерираат електромагнтно поле во близина на машината за перење.
- Ова може да предизвика повреди поради неправилно функционирање.
Не допирајте ја водата која се испушта при циклус на перење или сушење на висока температура, бидејќи е жешка.
- Ова може да предизвика изгореници или повреда.
Не перете, центрифугирајте или сушете водоотпорни навлаки, ќилими или облека (*), освен ако вашиот уред има специјален програм за перење на овие предмети.
-Не перете дебели, тврди ќилими дури и ако имаат ознака за перење на нивната етикета.
-Ова може да предизвика повреда или оштетување на машината за перење, ѕидовите, подот или облеката поради абнормални вибрации.
*Волнена постелнина, навлаки за дожд, елеци за рибарење, панталони за скијање, вреќи за спиење, навлаки за пелени, костими за тренирање и навлаки за велосипеди, мопеди, автомобили итн.
Не употребувајте ја машината за перење кога кутијата за детергент е отстранета.
- Ова може да предизвика електричен удар или повреди поради истекување на водата.
Не допирајте ја внатрешноста на барабанот за време или веднаш по сушењето, бидејќи е жежок.
- Ова може да предизвика изгореници.
Не ја ставајте раката во кутијата за детергент откако ќе ја отворите.
-Ова може да предизвика повреда бидејќи уредот за внесување детергент може да ви ја потфати раката. Не ставајте никакви предмети (како на пр. чевли, отпадоци од храна, животни) освен алишта во машината за перење.
-Ова може да предизвика оштетување на машината за перење, или повреди и смрт во случајот со миленичињата поради абнормалните вибрации.
Не притиснувајте ги копчињата со остри предмети како игли, ножеви, нокти итн. - Ова може да предизвика електричен удар или повреда.
Не перете облека која е контаминирана со масло, креми или лосиони кои најчесто се користат во продавниците за нега на тело или салоните за масажа.
-Ова може да предизвика деформирање на гумената изолациона лента и истекување на водата.
Не оставајте метални предмети како безопасни игли или игли за коса, или средство за белење во барабанот подолги временски периоди.
-Ова може да предизвика 'рѓа на барабанот.
-Ако се појави 'рѓа на површината на барабанот, нанесете средство за чистење (неутрално) и потоа употребете сунѓер за чистење. Никогаш не користете метална четка.
Не користете директно детергент за хемиско чистење и не перете, плакнете или центрифугирајте облека контаминирана со детергент за хемиско чистење.
-Ова може да предизвика спонтано согорување или палење поради топлината од оксидацијата на маслото.
Не користете топла вода од уредите со водено ладење/греење.
-Ова може да предизвика проблеми на машината за перење.
Македонски - 11
|
|
|
|
2014/12/8 16:15:30 | |||
|
|
|
|