безбедносни информации
ВНИМАНИЕ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО
Кога машината за перење ќе се контаминира со надворешна супстанца како што е детергент, нечистотии, отпадоци од храна итн., извлечете го кабелот за напојување и исчистете ја машината за перење користејќи влажна и мека крпа.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до избледување, деформирање, оштетување или 'рѓа.
Предното стакло може да се скрши од силен удар. Бидете внимателни додека ја користите машината за перење.
- Ако стаклото е скршено, може да предизвика повреди.
По прекинување на доводот за вода или при повторно поврзување на цревото за довод на вода, полека отворете ја славината за вода.
Отворете ја славината за вода полека доколку машината не сте ја користеле подолг период.
-Притисокот на воздухот во цревото за довод на вода или во цевката за вода може да предизвика оштетување на некој дел или истекување на вода.
Ако настане грешка во одводот при функционирањето, проверете дали има проблем со одводот.
-Ако ја користите машината за перење кога е преплавена како последица на проблем со одводот, тоа може да предизвика електричен удар или пожар поради електрично истекување.
Целосно ставете ги алиштата во машината за перење за да не се потфатат на вратата.
-Доколку алиштата се потфатат на вратата, тоа може да предизвика оштетување на алиштата или машината за перење, или да предизвика истекување на водата.
Осигурајте се дека славината за вода е исклучена кога не ја користите машината за перење.
-Осигурајте се дека завртката на приклучокот на цревото за довод на вода е добро затегнат.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до оштетување на околината или повреда.
Проверете дали гумената изолациона лента не е контаминирана со надворешни супстанци (отпад, навој, итн.).
- Ако вратата не е целосно затворена, тоа може да предизвика истекување на вода.
Отворете ја славината за вода и проверете дали приклучокот на цревото за довод на вода е цврсто затегнат и дали има истекување на вода пред да почнете да го користите производот.
-Доколку завртките на приклучокот на цревото за довод на вода се лабави, може да предизвикаат истекување на вода.
Производот кој го купивте е наменет само за домашна употреба.
Користењето за деловни потреби се смета за несоодветна употреба на производот. Во тој случај, стандардната гаранција која ја обезбедува компанијата Samsung нема да го покрие производот и компанијата Samsung нема да преземе одговорност за дефекти или оштетувања кои ќе настанат поради соодветната употреба.
Македонски - 10
|
|
|
|
2014/12/8 16:15:30 | |||
|
|
|
|