чистење и одржување на машината за перење

Поправка на замрзната машина за перење

Ако температурата падне под нивото на замрзнување и вашата машина замрзне:

1.Исклучете ја од напојување.

2.Истурете топла вода врз славината за довод на вода за да се разлабави цревото.

3.Извадете го цревото и потопете го во топла вода.

4.Истурете топла вода во барабанот и оставете да постои 10 минути.

5.Повторно поврзете го цревото за довод на вода со славината и проверете дали доводот и одводот на вода се нормални.

Складирање на машината за перење

Доколку треба да ја складирате машината за перење подолг период, подобро е да ја испуштите водата и да ги извадите приклучоците. Машината за перење може да се оштети ако пред складирањето има вода во цревата и внатрешните компоненти.

1.Изберете го циклусот Cotton (памук) и додадете средство за белење во преградата за средство за белење. Потоа, притиснете го копчето 15’ Quick Wash (брзо перење 15’) и оставете машината за перење да помине еден циклус без алишта.

2.Затворете ги славините за вода и откачете ги цревата за довод.

3.Откачете ја машината од електричниот штекер и оставете ја отворена вратата од машината, за да се овозможи циркулација на воздухот во внатрешноста на центрифугата.

Ако машината за перење била складирана на температури под нулата, пред користењето оставете доволно време за одмрзнување на водата која можеби се задржала во машината.

Македонски - 38

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿