Немојте да перете облека контаминирана со бензин, керозин, бензол, разредувач, алкохол или други запаливи или експлозивни супстанци.

- Ова може да предизвика електричен удар, пожар или експлозија.

Не отворајте ја насилно вратата од машината за перење додека работи (перење/ сушење/центрифуга на висока температура).

-Водата која истекува од машината за перење може да предизвика изгореници или да го направи подот лизгав.

Ова може да предизвика повреди.

-Насилното отворање на вратата може да предизвика оштетување на производот или повреди.

Не ја ставајте раката под машината за перење. - Ова може да предизвика повреди.

Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце. - Ова може да предизвика електричен удар.

Не исклучувајте го уредот преку вадење на приклучокот за напојување додека е во тек користењето на уредот.

-Повторното вметнување на приклучокот за напојување во ѕидниот штекер може да создаде искра и да предизвика електричен удар или пожар.

Не дозволувајте им на децата или изнемоштените лица да ја користат машината за перење без ваше присуство. Не дозволувајте им на децата да се качуваат на уредот

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, изгореници или повреди.

Не ставајте раце или метални предмети под машината за перење додека работи. - Ова може да предизвика повреди.

Немојте да го откачувате уредот со повлекување на кабелот за напојување, секогаш цврсто фатете го приклучокот и повлечете директно од штекерот.

-Оштетувањето на кабелот може да предизвика краток спој, пожар и/или електричен удар

Не обидувајте се сами да го поправате, расклопувате или да вршите модификации на уредот.

-Не употребувајте какви било други осигурувачи (како на пр. бакарни, од челична жица, итн.) различни од стандардниот осигурувач.

-Кога е потребна поправка или повторно инсталирање на уредот, обратете се до најблискиот сервисен центар.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар, пожар, проблеми со производот или повреди.

Доколку цревото за довод на вода се олабави од славината и го преплави уредот, исклучете го кабелот за напојување.

- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Извадете го приклучокот за напојување кога уредот не се користи подолг период или за време на невреме со грмотевици.

-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.

Македонски - 9

 

 

 

 

WD0804W8E-03264A-03_MK.indd 9

2014/12/8 16:15:30