безбедносни информации
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или други ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ повреди при користење на вашиот уред, следете ги основните мерки на претпазливост,
меѓу кои и:
Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си играат на или во производот. Вратата на производот не може да се отвори лесно одвнатре и децата може сериозно да се повредат доколку се заглават во внатрешноста.
Уредот не треба да го користат лица (вклучувајќи деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си играат со апаратот.
За употреба во Европа: Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен надзор.
Ако кабелот за струја е оштетен, мора да биде заменет од страна на производителот, сервисер или лица со слични квалификации со цел да се избегнат несакани ситуации.
Овој уред треба да се позиционира така што приклучокот за напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод да бидат достапни.
Кај апарати со отвори за вентилација на долниот дел, килимот не треба да ги затвора отворите.
Треба да се користи новиот комплет црева испорачан со уредот, а стариот комплет црева не треба да се користи повторно.
Македонски - 4
|
|
|
|
2014/12/8 16:15:30 | |||
|
|
|
|