перење на алишта

Функција Drain Only (само цедење)

Кога сакате само да ја исцедите водата од машината за перење, следете ги упатствата подолу.

1.Притиснете го копчето Power (Напојување).

2.Завртете го Избирачот на циклус на позиција Spin (Центрифуга).

3.Притиснувајте го копчето Spin (Центрифуга) сè додека не се вклучи светилката “Без

центрифуга ()”.

4.Притиснете го копчето Start/Pause (Активирање/пауза).

My cycle (мојот циклус)

Ви овозможува активирање на ваше сопствено перење (температура, центрифуга, ниво на нечистотија итн.) со едно практично копче.

Со притиснување на копчето My Cycle (Мојот циклус), можете да ги активирате и користите зачуваните опции на My Cycle (мојот циклус). Сијаличките за избраните циклуси и опции ќе почнат да трепкаат.

Сите опции за режимот My Cycle (мојот циклус) може да ги поставите на следниот начин.

1.Отворете го доводот на вода.

2.Притиснете го копчето Power (Напојување).

3.Изберете циклус користејќи го Избирачот на циклус.

4.По избирање на циклусот, поставете ја секоја опција.

Погледнете “Табела на циклуси” на страница 41 за да ги видите достапните поставувања на опциите за секој циклус.

5.Потоа може да ги зачувате избраниот циклус и опциите со притиснување и задржување на копчето My Cycle (Мојот циклус) подолго од 3 секунди додека сте во режимот My Cycle (мојот циклус). Циклусот и опциите кои ги избравте ќе се прикажат следниот пат кога ќе ја изберете функцијата My Cycle (мојот циклус).

Можете да ги промените поставувањата на My Cycle (мојот циклус) со повторување на истиот процес како и погоре.

Следниот пат кога ќе ја изберете функцијата My Cycle (мојот циклус) ќе се прикажат последните употребени поставувања.

Ако го притиснете копчето My Cycle (мојот циклус) 3 секунди и го пуштите, ќе се појават циклусот и опциите кои претходно сте ги зачувале. Ако го притиснете и задржите копчето My Cycle (Мојот циклус) 3 секунди или подолго, циклусот и опциите кои се тековно избрани ќе бидат зачувани, а LED сијаличката ќе трепка 3 секунди.

Македонски - 26

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿

￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿￿