безбедносни информации
Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, оштетен кабел за напојување или штекер со раширени отвори.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
Немојте да го влечете или прекршувате кабелот за напојување. Немојте да го завртувате или заврзувате кабелот за напојување.
Немојте да го закачувате кабелот за напојување на метален предмет, да поставувате тежок предмет врз кабелот, да го вметнувате кабелот помеѓу предмети или да го притискате кабелот во просторот зад уредот.
- Ова може да предизвика електричен удар или пожар.
При вадење на приклучокот за напојување, немојте да го влечете кабелот.
-Приклучокот за напојување извадете го држејќи го приклучокот.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Не ги поставувајте цревата и кабелот за напојување каде што може да се сопнете од нив.
ВНИМАНИЕ МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ ИНСТАЛИРАЊЕТО
Поставеноста на уредот треба да овозможува достапност на приклучокот за напојување.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар заради електрично истекување.
Инсталирајте го уредот на рамна и тврда површина која може да ја издржи неговата тежина.
-Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до абнормални вибрации, придвижувања, шум или проблеми со производот.
СЕРИОЗНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ОДНОС НА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ КОРИСТЕЊЕТО
Ако уредот е преплавен, веднаш исклучете го доводот на вода и напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
-Не допирајте го приклучокот за напојување со мокри раце
-Доколку не се придржувате кон ова може да предизвикате електричен удар
Ако уредот создава чуден звук, мирис на запалено или дим, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се до најблискиот сервисен центар.
- Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до електричен удар или пожар.
Во случај на истекување на гас (како пропан, LP гас, итн.), веднаш проветрете ја собата без допирање на приклучокот за напојување. Не допирајте го уредот или кабелот за напојување.
-Немојте да користите вентилатор.
-Една искра може да предизвика експлозија или пожар.
Не дозволувајте им на децата да играат во или врз машината за перење. Освен тоа, при отстранување на уредот, отстранете ја рачката на вратата од машината за перење.
-Доколку детето се заглави внатре, може да остане заглавено и да се загуши до смрт.
Погрижете се да го отстраните пакувањето (сунѓер, стиропор) прикачено на дното од машината за перење пред да почнете да ја користите.
Македонски - 8
|
|
|
|
2014/12/8 16:15:30 | |||
|
|
|
|