Child Lock (Функција за заклучување за деца)

Функцијата за заклучување за деца овозможува заклучување на копчињата така што избраниот програм за миење не може да биде променет.

Активирање/деактивирање

Ако сакате да ја активирате или деактивирате функцијата за заклучување за деца, истовремено притиснете ги копчињата Temp. (температура) и Rinse (плакнење) и задржете 3 секунди.

“Child Lock (Функција за заклучување за деца) ” При активирање на оваа функција ќе засвети.

Кога ќе ја активирате функцијата за заклучување за деца, функционира само копчето

Power (Напојување). Функцијата за заклучување за деца ќе биде вклучена дури и по вклучувањето и исклучувањето на напојувањето или по откачувањето и повторното поврзување на кабелот за напојување.

3 СЕК.

Sound Off (Исклучување на звук)

Функцијата за исклучување на звукот може да се избере при сите програми. Кога ќе се избере оваа функција, звукот се исклучува за сите програми. Дури и по повеќекратно вклучување и исклучување на напојувањето, поставената вредност се задржува.

Активирање/деактивирање

Ако сакате да ја активирате или деактивирате функцијата за исклучување звук, истовремено притиснете ги копчињата Spin (Центрифуга) и Drying (Сушење) и задржете 3 секунди. При активирање на оваа функција ќе засвети “Sound Off (Исклучување на звук) ”.

алишта на перење 02

3 СЕК.

Delay End (одложено завршување)

Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор на време на одложување од 3 до 19 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.

1.Рачно или автоматски поставете ја машината според типот на алиштата кои треба да се перат.

2.Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување) додека не го поставите саканото време за одложено завршување.

3.Притиснете го копчето Start/Pause (Активирање/пауза). Индикаторот “Delay End

(одложено завршување) ” ќе засвети и часовникот ќе започне со одбројување сè

додека не го достигне поставеното време.

4.За да ја исклучите функцијата Delay End (одложено завршување), притиснете го копчето Power (Напојување) и потоа повторно вклучете ја машината за перење.

Македонски - 25

 

 

 

 

WD0804W8E-03264A-03_MK.indd 25

2014/12/8 16:15:35