перење на алишта
РАЧНО ПЕРЕЊЕ ОБЛЕКА
Можете да ја изберете функцијата за рачно перење без употреба на Fuzzy Logic функцијата. За оваа цел:
1.Отворете го доводот на вода.
2.Притиснете го копчето за (вклучување/исклучување) на машината.
3.Отворете ја вратата.
4.Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5.Затворете ја вратата.
6.Ставете детрегент во фиоката за детергент .
7.Секвенцијално притиснувајте го копчето Program (програм) за избор на програмот што го сакате:
Cotton (памук), Baby cotton (фин памук), Synthetics (синтетика), и Quick wash (брзо перење)...
8.Притиснете го копчето Spin (центрифуга) за избор на брзина на центрифуга (без центрифуга, 400, 800,...,без центрифуга,...)
9.Секвенцијално притиснувајте го копчето Function (функција) за избор на саканиот циклус (Prewash (предперење), Rinse+ (плакнење+), Rinse hold (запрено плакнење), ... )
10.Притиснете го копчето Temp (температура) за да изберете температура (ладна вода , 30°C, 40°C, 60°C, 95°C).
11.Притиснете го копчето за активирање/пауза и машината ќе го започне циклусот на перење.
Кога циклусот е завршен:
1.Отворете ја вратата.
Вратата можете да ја отворите по 3 минути откако машината ќе престане со работа или ќе се исклучи од напојување.
2.Извадете ги алиштата.
Бавното вртење на барабанот при последното центрифугирање за памук, фин памук
ибрзо перење не претставува дефект на машината. Оваа функција ќе ви овозможи лесно вадење на алиштата.
ИЗБИРАЊЕ НА ОПЦИЈА
Предперење
Предперењето е можно само кога перете памук, фин памук, синтетика или деликатни алишта. За да користите предперење:
1. Ставете детергент за предперење во преградата од фиоката за детергент.
2.Изберете “Cotton” (памук), “Baby cotton” (фин памук) или ”Synthetics” (синтетика) со помош на копчето Program (програм).
3.Притиснувајте го копчето Function (функција) додека не засвети сијаличката “Prewash” (предперење) на контролната плоча.
4.Притиснете го копчето за активирање/пауза за почеток на циклусот.
Rinse+ (плакнење)
Вашата машина ќе изврши дополнителен циклус на плакнење. Времетраењето на перењето ќе се продолжи.
Rinse Hold (запрено плакнење)
Алиштата остануваат потопени во последната вода за плакнење.
Пред да ги извадите алиштата, треба да се вклучи програмот “Spin” (центрифуга).
10_ Перење на алишта