одржување на машината за перење

ПОПРАВКА НА ЗАМРЗНАТА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ

Ако температурата падне под нивото на замрзнување и вашата машина замрзне:

1.Исклучете ја од напојување.

2.Истурете топла вода на славината за довод на вода за да се разлабави цревото.

3.Извадете го цревото и потопете го во топла вода.

4.Истурете топла вода во барабанот и оставете да постои 10 минути.

5.Повторно поврзете го цревото за довод на вода со славината и проверете дали доводот и одводот на вода се нормални.

ЧИСТЕЊЕ НА НАДВОРЕШНОСТА

1.Избришете ја површината на машината, вклучувајќи ја и контролната плоча, со мека крпа и средство за чистење во домаќинствата кое не е абразивно.

2.Со мека крпа исушете ја површината.

3.Не истурајте вода врз машината.

ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ОСТАТОЦИ

Чистете го филтерот 2 до 3 пати годишно.

1.Извадете го капакот на долниот дел од предната страна на машината.

2. Одвртете го капакот на филтерот и извадете го.

3. Измијте ги сите нечистотии од филтерот. Внимавајте перката на одводната пумпа зад филтерот да не биде блокирана.

Вратете го капакот на филтерот.

4.Вратете го капакот на основата.

ЧИСТЕЊЕ НА МРЕЖЕСТИОТ ФИЛТЕР НА ЦРЕВОТО ЗА ВОДА

Мрежестиот филтер на цевката за вода треба да го чистите барем еднаш годишно или кога ќе засвети сијаличката на машината:

За да го направите ова:

1.Затворете го доводот на вода до машината за перење.

2. Одвртете го цревото за вода на задната страна на машината.

3. Со помош на клешти внимателно извлечете го филтерот од крајот на цревото и исплакнете го под вода додека не се исчисти.

Потоа исчистете го надворешниот и внатрешниот дел од конекторот.

4.Вратете го филтерот на место.

5.Поврзете го цревото повторно со машината.

6.Отворете ја славината и проверете дали цревото пропушта вода.

12_ Одржување на машината за перење

Page 84
Image 84
Samsung WF7600SAV/YLE Одржување на машината за перење, Поправка НА Замрзната Машината ЗА Перење, Чистење НА Надворешноста