
инсталирање на машината за перење
РАСПАКУВАЊЕ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ
Распакувајте ја машината за перење и проверете дали е оштетена при транспортот. Исто така проверете дали ви се испорачани сите делови прикажани подолу. Ако машината е оштетена при транспортот или не ви се испорачани сите делови, обратете се веднаш до вашиот Samsung продавач.
ПРЕГЛЕД НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ
| Горен капак |
Фиока за детергент |
|
Контролна плоча | Црево за одвод |
|
Врата
Приклучок
Долен капак Прилагодливи ногарки
01 Инсталирање на машината за перење
Клуч за отворање | Ладна | Жешка(опција) | Држач на цревото Капачиња за отворите |
| Црево за довод на вода | од завртките | |
|
|
|
|
ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА
Пред да ја инсталирате машината, изберете локација со следните карактеристики:
•Цврста, рамна подлога (ако подлогата е нерамна, погледнете “Прилагодување на ногарките” подолу)
•Подалеку од директна сончева светлина
•Соодветна вентилација
•Температурата во просторијата да не паѓа под 0°C
•Подалеку од извори на топлина (јаглен, гас). Внимавајте се машината за перење да не биде поставена врз кабелот за напојување. Доколку машината е поставена на подлога покриена со килим, вентилациските отвори не треба да бидат попречувани од килимот.