инсталирање на машината за перење

ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НОГАРКИТЕ

Ако подот е нерамен, прилагодете ги ногарките (не ставајте делови од дрво или други предмети под ногарките):

1. Ослободете ја завртката од ногарката со вртење со помош на раката додека не ја добиете потребната височина.

2. Стегнете ја сигурносната навртка со вртење со помош на клучот.

Поставете ја машината на цврста, рамна подлога.

Ако машината ја поставите на нерамна и неквалитетна подлога, ќе се појават вибрации или бука. (Дозволеното закосување изнесува 1 степен.)

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЗАВРТКИТЕ ЗА ЗАШТИТА ПРИ ТРАНСПОРТ

Пред употребата на машината за перење, морате да ги отстраните завртките за заштита при транспорт од задната страна на уредот. За да ги отстраните завртките:

1.Одвртете ги со соодветен клуч пред да ги извлечете.

2. Притиснете ја главата на завртката и извлечете ја надвор, низ поширокиот дел на отворот. Повторете го истото за останатите завртки.

3.Покријте ги отворите со испорачаните пластични капачиња.

4.Чувајте ги завртките за понатамошна употреба.

ПОВРЗУВАЊЕ НА ЦРЕВОТО ЗА ДОВОД НА ВОДА

Едниот крај на цревото за довод на вода треба да се поврзе на машината, а другиот со славината за вода.

Не затегнувајте го цревото за довод на вода. Ако цревото е прекратко и не сакате да ја преместите славината за вода, заменете го со подолго црево за висок притисок.

За да го поврзете цревото за довод на вода:

1. Држачот од цревото со L-облик поврзете го со приклучокот за довод на ладна вода на задната страна од машината. Стегнете со рака.

2.Поврзете го другиот крај од цревото за довод на вода

со славината и стегнете со рака.

По потреба, можете да ја промените положбата на цревото за довод на вода со ослободување, вртење и повторно стегнување на делот од цревото кој е поврзан со машината.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ЦРЕВОТО ЗА ОДВОД

Крајот на цревото за одвод може да се постави на три начини:

Преку работ на лавабото

Цревото за одвод мора да биде поставено на височина од 60 до 90 cm. За да го свиткате цревото употребете го испорачаниот пластичен држач за црево. Прицврстете го држачот за ѕид со кука или за славина со жица за да спречите поместување на цревото.

6_ Инсталирање на машината за перење

Page 78
Image 78
Samsung WF7600SAV/YLE, WF7602SAV/YLE manual Прилагодување НА Ногарките, Отстранување НА Завртките ЗА Заштита ПРИ Транспорт