Samsung WF7600SAV/YLE Додаток, Табела ЗА Одржување НА Ткаенината, Заштита НА Животната Средина

Models: WF7604SAV/YLE WF7600SAV/YLE WF7602SAV/YLE

1 144
Download 144 pages 18.88 Kb
Page 87
Image 87

додаток

ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТКАЕНИНАТА

Отпорен материјал

Деликатна ткаенина

Може да се пере на 95°C

Може да се пере на 60°C

Може да се пере на 40°C

Може да се пере на 30°C

Може да се пере рачно

Само суво чистење

Може да се бели во ладна вода

Да не се бели

Може да се пегла на 200°C макс.

Може да се пегла на150°C макс.

Може да се пегла на 100°C макс.

Да не се пегла

Суво чистење со кој било растворувач

Суво чистење само со перхлорид, лесен бензин, чист алкохол или R113

Суво чистење само со авионско гориво, чист алкохол или R113

Да не се чисти на суво

Да се суши на рамно

Може да се закачи при сушење

Да се суши на закачалка

Сушење во машина, нормална температура

Сушење во машина, намалена температура

Да не се суши во машина

06 Додаток

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ОКОЛУ ЕЛЕКТРИКАТА

За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар и други повреди, запомнете ги следните мерки за безбедност:

Приклучете го апаратот на тип на извор на електрична енергија назначен на етикетата на машината. Ако не сте сигурни околу компатибилноста на приклучокот во вашиот дом, обратете се до продавачот или локалната компанија за електрична енергија.

Употребувајте само заземјен или поларизиран приклучок. Приклучокот може да влезе во штекерот само на еден начин. Ако не можете да го ставите приклучокот во штекерот, обидете се да го завртите приклучокот. Ако утикачот сè уште не одговара, обратете се до вашиот електричар за да го замени штекерот.

Заштитете го кабелот за напојување. Кабелот треба да биде така поставен за да не преминувате преку него или да не се оштети од предмети поставени врз или под него. Особено внимавајте на делот каде кабелот влегува во штекерот и местото каде излегува од апаратот.

Не преоптоварувајте го штекерот или продолжителниот кабел. Преоптоварувањето може да предизвика пожар или електричен удар.

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Овој апарат е произведен од рециклиран материјал. Ако одлучите повеќе да не ја користите машината, ве молиме почитувајте ги регулативите за отпадоци од овој тип. Исечете го кабелот за напојување за да се спречи повторно поврзување на апаратот со извор на напојување. Извадете ја вратата од апаратот за да не може во внатрешноста да се заглават животни и мали деца.

Не ставајте поголема количина детергент од онаа што се препорачува од страна на производителот на детергент.

Употребувајте средства за белење и отстранување на флеки само кога е неопходно.

Заштедете вода и електрична енергија со перење само на полна машина (потрошувачката зависи од програмот).

Додаток _15

Page 87
Image 87
Samsung WF7600SAV/YLE, WF7602SAV/YLE manual Додаток, Табела ЗА Одржување НА Ткаенината, Предупредувања Околу Електриката