Што е функцијата за “заклучување за деца”?

Функцијата за “заклучување за деца” се селектира со притиснување на копчињата Spin+Function подолго од 2 сек. додека машината работи.

Ако оваа функција е еднаш селектирана, не може да се направат промени до крајот на циклусот.

Притиснете ги копчињата за “заклучување за деца” Spin+Function подолго од 2 сек. за да ја исклучите функцијата.

МАШИНАТА ГО ПРЕКИНУВА ПЕРЕЊЕТО И НЕ ПРОДОЛЖУВА СО СЛЕДНИОТ ЧЕКОР ОД ПЕРЕЊЕТО (ПРЕОСТАНАТОТО ВРЕМЕ НА LED ЕКРАНОТ МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ).

Вашата машина е опремена со Fuzzy Logic систем, кој не само што го поставува оптималното ниво на вода и останатите параметри при перењето, туку го контролира и процесот на перење и ги прави потребните измени за подобри резултати при перењето. Во согласност со погоре споменатото, Fuzzy Logic системот открива отстапувања при циклусот на перење: големо количество на детергент на крајот од циклусот, високо ниво на вибрации при центрифугирање и сл. Можете да го прилагодите тековниот програм на перење како на пример да ја промените температурата на перење или брзината на центрифуга. По откривање на отстапувањето, машината за перење го прекинува нормалниот тек на програмот со цел да ги нормализира параметрите и да продолжи

со циклусот. Fuzzy logic системот прави 7 обиди за отстранување на овие неправилности. Ако не е можно отстранување на неправилностите од страна на Fuzzy Logic системот, ќе се прикаже соодветна ознака на LED екранот. (погледнете го поглавјето “Решавање проблеми”) Работењето на машината за перење во согласност со погоре споменатата шема се смета за нормално.

ПРИ ПРВОТО ПЕРЕЊЕ

Пред првото перење на алишта, мора да го поминете целиот процес на перење без алишта. За да го направите ова:

1.Притиснете го копчето за (вклучување/исклучување).

2.Ставете малку детергент во фиоката за детергент .

3.Отворете го доводот на вода во машината.

4.Притиснувајте го копчето Temp (температура) секвенцијално додека не се прикаже

40°C.

5.Притиснете го копчето за активирање/пауза.

Ова ќе ја отстрани можната заостаната вода во машината од завршното тестирање на производителот.

СТАВАЊЕ ДЕТЕРГЕНТ ВО МАШИНАТА:

1.Извлечете ја фиоката за детергент.

2.Ставете детергент во преградата .

3.Ставете омекнувач во преградата (доколку сакате).

4.Ставете детергент за предперење во преградата (доколку сакате).

02 Перење на алишта

Перење на алишта _9

Page 81
Image 81
Samsung WF7600SAV/YLE manual ПРИ Првото Перење, Ставање Детергент ВО Машината, Што е функцијата за заклучување за деца?