02 Конвертирање на замрзнувач / Вклучи/Исклучи мраз (само одредени модели)

Freezer Convert

(Конвертирање на замрзнувач)

Може да го користите целиот фрижидер со режимот Fridge (Фрижидер) или да го исклучите замрзнувачот.

За да го измените стандардниот режим за замрзнување, притиснете и задржете го Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач) во траење од 3 секунди за да го внесете режимот за избирање. Потоа, притиснете на Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач), за да го изберете саканиот режим.

Режимот се менува во оваа секвенца: Режим Fridge (Фрижидер) Off (Исклучено) Freezer (Замрзнувач) Off (Исклучено) Fridge (Фрижидер).

Ако изберете Fridge (Фрижидер), тогаш ќе се вклучи индикаторот за фрижидерот. Power Freeze (Засилено замрзнување) ќе биде деактивирано ако е активно, а Ice On (Активирај мраз) ќе се исклучи ако е активирано.

Ако изберете Off (Исклучи), показателот Off (Исклучи) свети. Замрзнувачот ќе се исклучи.

Ако го изберете режимот за замрзнувач, тогаш ќе се вклучат индикаторите за температурата на замрзнување според тоа што сте избрале. Стандардната температура на замрзнувачот е -19 °C.

Промените ќе бидат нагодени и активирани по 10 секунди. За повторно да го откажете или да го промените режимот, притиснете и задржете го Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач) во траење од 3 секунди. Потоа, следете ги упаствата како што е споменато погоре.

ЗАБЕЛЕШКА

Ако притиснете и задржите врз Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач) во траење од 3 секунди кога е избран режимот Freezer (Замрзнувач), тогаш фрижидерот ќе премине во режимот Fridge (Фрижидер) и ќе можете да изберете режим (режим за избирање).

Ако притиснете и задржите врз Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач) во траење од 3 секунди кога е избран некој друг режим, тогаш фрижидерот ќе премине во режим на избирање каде што ќе можете да притиснете Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач) за да изберете друг режим.

Кога функциите за ладење во фрижидер или замрзнување се во режимот Off

(Исклучено), тогаш температурата на фрижидерот или замрзнувачот се задржува под 15 °C за да се спречи појава на мувла или непријатен мирис, а притоа потрошувачката на електрична енергија е мала.

Фрижидерот или замрзнувачот не може да се исклучат од штекер независно еден од друг.

Не чувајте храна или пијалаци во ладилникот кога функциите за ладење во фрижидер или замрзнување се во режимот Off (Исклучено). Температурата од

15°C не е доволно ниска за да се спречи расипување.

Операции

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Не складирајте стаклени шишиња коишто содржат течности во замрзнувачот. Кога го откажувате Freezer Convert (Конвертирање на замрзнувач), стаклените шишиња може да се скршат или да пукнат во замрзнувачот.

Македонски  35

Untitled-735

 

 

2018-01-10 ￿￿ 12:11:06