Броевите и сликите од овој прирачник за користење служат само како референца и може да се разликуваат од вистинскиот приказ на производот. Дизајнот и спецификациите на производот може да се променат без претходно известување.

Јазиците од Заедницата на независни држави (руски, украински, казакстански) не се достапни за овој производ, бидејќи тој е произведен за корисници во регионот на ЕУ.

Функции на вашиот нов телевизор

•• 3D: Оваа нова функција ви овозможува да гледате 3D содржини.

•• SMART HUB:

Овој телевизор се одликува со Smart Hub - семеен центар за повеќенаменска забава. Со Smart Hub, корисниците можат да пребаруваат на интернет, да преземаат апликации и да бидат во контакт со семејството и пријателите преку социјални мрежни услуги. Покрај тоа, ќе можете да уживате во фотографии, видео записи и музика која е складирана во надворешен уред за складирање.

Притиснете за активирање на Smart Hub. Изберете услуга со помош на иконите кои се прикажани во горниот дел од екранот.

Социјални: Гледајте ги најновите видео записи на YouTube, како видео записите кои вие или вашите пријатели сте ги објавиле на Facebook и Twitter. Исто така, може да воспоставувате видео повици со пријателите доколку поврзете камера на телевизорот (се продава одделно).

Апликации: Преземање и инсталирање на апликации како WebBrowser.

На телевизорот: Проверување на список со програми кои се емитуваат во моментот и се закажани за емитување. (во зависност од земјата)

Филмови и ТВ-серии: Купете и гледајте филмови и серии без да користите посебен надворешен уред. (во зависност од земјата)

Фотографии, видеа и музика: Репродукција на фотографии, видео записи и музика од надворешен уред за складирање.

•• Anynet+ (HDMI-CEC): Оваа функција овозможува контрола на сите поврзани уреди од Samsung кои поддржуваат Anynet+ со далечинскиот управувач од вашиот телевизор од Samsung.

•• e-Manual: Нуди детален прирачник за користење на екранот, кој е вграден во вашиот телевизор. (страница 12)

•• Распознавање на глас: Распознавање на глас ви овозможува пристап и контрола на одредени функции на телевизорот со помош на гласовни команди.

•• Управ. на уреди: Користете ги функциите на телевизорот со помош на USB или Bluetooth тастатура и глувче.

•• Рефлексија на екраните: Прикажува екрани од мобилни уреди кои се безжично поврзани со телевизорот.

Правилно отстранување на овој производ (отстранување на електрична & електронска опрема) (се однесува на државите со одделни системи за отстранување на отпадоци)

Оваа ознака на производот, галантеријата или литературата посочува дека производот и неговата електронска дополнителна опрема (на пр. полнач, слушалки со микрофон, USB кабел) не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. За да се спречи можна штета врз околината или човечкото здравје од неконтролирано отстранување на отпад, ве молиме одделете ги овие предмети од другите видови на отпад и рециклирајте ги за да промовирате повторно користење на материјалите.

Корисниците од домаќинствата би требало да се обратат до местото на купување или до локалната владина канцеларија за детали околу тоа каде и како ќе можат да ги однесат овие предмети на безбедно рециклирање.

Деловните корисници треба да се обратат до својот набавувач и да ги проверат условите и одредбите од договорот за купување. Овој производ и неговата електронска дополнителна опрема не треба да се отстранува заедно со другите комерцијални видови на отпад.

Правилно отстранување на батериите од овој производ

(се однесува на државите со одделни системи за отстранување на отпадоци)

Оваа ознака на батеријата, прирачникот или пакувањето посочува дека батериите од овој производ не треба да се отстранат заедно со останатиот отпад од домаќинството на крајот од работниот век. Ознаките за хемиските симболи Hg, Cd или Pb посочуваат дека батеријата содржи жива, кадмиум или олово над референтните нивоа од EC Directive 2006/66. Доколку батериите не се отстранат правилно, овие супстанци можат да предизвикаат штети на човековото здравје или опкружувањето.

За заштита на природните ресурси и промовирање на повторната употреба на материјалите, одделете ги батериите од останатите видови на отпад и рециклирајте ги со помош на бесплатниот локален систем за рециклирање на батерии.

Македонски - 3

Македонски

[UE6400-XH]BN68-04778D-05L16.indb 3

 

 

2013-11-14 ￿￿ 2:59:46