Прикажување на статус и лента за известувања

Притиснете го копчето MORE на Smart Touch Control уредот, а потоа изберете STATUS на виртуелната контролна плоча за прикажување на лентата за известувања и статус во горниот дел од екранот.

Препораки, историја и пребарување

Препораки

Притиснете го копчето RECOMM. / SEARCH и изберете Препорачано од листата прикажана во долниот дел од екранот. Изберете програма која се емитува во моментот за да прескокнете на соодветниот канал или програма која е закажана за емитување за да поставите Закажување гледање или Закаж. на снимање. Погледнете го делот "Информации за закажани препорачани програми" за да добиете повеќе информации.

Изберете некоја апликација за да ја активирате. Samsung Apps ќе се активира доколку избраната апликација не е инсталирана на телевизорот. Погледнете го делот "Samsung Apps", за да добиете повеќе информации.

Историја

Притиснете го копчето RECOMM. / SEARCH и изберете Историја листата прикажана во долниот дел од екранот. На тој начин ќе се прикаже интерактивна листа на канали до кои неодамна сте пристапиле, мултимедиумски содржини и апликации.

Пребарување

Притиснете го копчето RECOMM. / SEARCH два пати. Внесете критериуми за пребарување за да пребарувате голем број апликации и нивните содржини на телевизорот, како и на интернет.

Прилагодување на подлогата за допир

Мени на екран > Систем > Управ. на уреди > Поставки на Smart Touch Control > Чувствителност на допир

Корисниците можат да ја прилагодат чувствителноста на подлогата за допир на Smart Touch Control уредот. Поставете ја функцијата Чувствителност на допир за да ја прилагодите чувствителноста и да овозможите попрактично користење.

Користење на виртуелниот далечински управувач

Притиснете го копчето MORE за да се прикаже панелот со виртуелен далечински управувач на екранот. Панелот со виртуелен далечински управувач е составен од панел со броеви, панел за контрола на репродукцијата и панел за брз пристап. Користете ја подлогата за допир за избирање на броеви и букви. Притиснете и задржете го копчето MORE. Ќе се појави панел за брз пристап во вид на виртуелниот далечински управувач. Тогаш ќе можете лесно да избирате копчиња на екранот.

Менување на панелот на виртуелниот далечински управувач.

Изберете го панелот за броеви, панелот за контрола на репродукцијата или панелот за брз пристап кој ќе се прикажува на екранот.

Користете ја подлогата за допир за да продолжите да го поместувате означувањето во лева или десна насока. Панелот ќе се менува при секое поместување на означувањето преку најоддалечениот лев или десен раб.

Користете ја функцијата на подлогата за допир за придвижување во лево/десно, за едноставно менување на панелот.

Користење на панелот со броеви

Користете го панелот со броеви за внесување броеви кога на екранот или веб-страницата ќе се прикаже тастатура или, пак, за да го промените каналот додека гледате телевизија. При менување канали со помош на панелот со броеви се создава запис, кој ви овозможува едноставно да се вратите на претходните канали.

Користење на панелот за контрола на репродукцијата

Користете го панелот за контрола на репродукцијата за паузирање, премотување наназад, премотување нанапред, прескокнување на следниот фајл и многу повеќе додека уживате во мултимедиумските содржини.

Користење на панелот за брз пристап

Брзо пристапете до копчињата INFO, МENU и e-Manual. Меѓутоа, достапноста на копчињата е различна во зависност од режимот на работа на Smart Touch Control уредот (само со телевизорот, како универзален далечински управувач итн.).

Македонски - 7

Македонски

[UE6400-XH]BN68-04778D-05L16.indb 7

 

 

2013-11-14 ￿￿ 2:59:48