Аларм за слаба батерија

Ако батеријата ослабне и индикаторот почне да трепка при користење на Smart Touch Control, во долниот лев агол од екранот ќе се појави прозорец со аларм кој ќе трепка. Ако се појави прозорецот со аларм, заменете ги батериите на Smart Touch Control. Користете алкални батерии за подолга употреба.

Вметнување на батериите (AAA X 2)

1

2

3

1.Внимателно подигнете го капакот за батерии со помош на пластична картичка. Потоа, повлечете го јазичето на капакот со ноктите за целосно да го отстраните капакот.

Пронајдете ја локацијата на вдлабнатините на капачето за батеријата. Локацијата на вдлабнатините може да биде различна во зависност од видот на Smart Touch Control кој се испорачува со производот.

2.Вметнете 2 AAA батерии и погрижете се правилно да ги поставите позитивните и негативните краеви.

3.Поставете го капакот на батеријата паралелно со задниот дел на далечинскиот управувач и притискајте надолу по должината на рабовите сè додека не се прицврсти во лежиштето на далечинскиот управувач.

Користење на подлогата за допир

Користете ја подлогата за допир за извршување на разни команди. Одете до Упатство (Мени на екран > Систем > Управ. на уреди > Поставки на Smart Touch Control > Упатство) за да погледнете водич на екранот за користење на Smart Touch Control.

Влечење

Притиснете

 

 

Повлечете врз подлогата за допир во саката насока.

Притиснете на подлогата за допир. На тој начин ќе го изберете

Поместете го означувањето или покажувачот во насоката во која

означениот елемент.

влечете со прстот.

 

 

 

Менување на канали со внесување на броеви

Додека гледате телевизија, допрете врз испакнатата линија сместена на левата или десната страна на подлогата за допир за да го отворите прозорецот за внесување на броеви на екранот. Внесете го бројот на каналот кој сакате да го гледате со помош на вашиот прст. На екранот ќе се прикаже бројот што ќе биде препознаен, а телевизорот ќе премине на соодветниот канал. Меѓутоа, телевизорот може да не го препознае правилно бројот што сте го внеле. Погледнете го водичот подолу за да проверите дали броевите што ги внесувате се препознаваат точно.

Водич за внесување на броеви

Погледнете ги сликите подолу при внесување на нумерички вредности. Телевизорот може да не ги препознае вредностите кои ги внесувате ако не ги следите движењата прикажани подолу.

Македонски - 6

[UE6400-XH]BN68-04778D-05L16.indb 6

 

 

2013-11-14 ￿￿ 2:59:48