Забелешки и опомени

Полнење

Забелешка

ffАко батеријата се прегрее за време на полнењето, може да биде потребно подолго време за да се наполни.

ffКога автоматското полнење не работи, проверете ги следниве нешта.

––Исклучете го прекинувачот за опасност (на долниот дел од POWERbot) и повторно вклучете го.

––Откачете го кабелот на полначот од изворот на напојување, а потоа повторно ставете го.

––Проверете дали има туѓа материја во контактот за полнење и исчистете ги POWERbot и контактот за полнење на полначот со сува крпа или крпче.

––Проверете дали има некакви пречки, како на пример рефлектирачки предмети, столици итн. во близина на полначот.

ffАко POWERbot не се остави да се полни, батеријата ќе се испразни по природен пат.

––Обидете се да не го прекинувате полнењето на POWERbot на полначот. (Исклучете го прекинувачот за опасност и оставете го полначот невклучен во изворот на напојување ако го напуштате домот на подолг период за деловно патување, одмор итн.)

При употреба

Забелешка

ffPOWERbot може да се заглави на подови итн. за време на чистењето.

––За повторно да ја започнете операцијата, исклучете го прекинувачот за опасност, преместете ја POWERbot на место каде што ќе може лесно да се движи, а потоа повторно вклучете го напојувањето.

ffPOWERbot не може целосно да ги исчисти местата на кои што не може да влезе, како на пр. аглите, просторот помеѓу ѕидот и каучот итн.

––Употребувајте друга алатка за чистење за редовно да ги чистите.

ffPOWERbot не може да вшмука купови од нечистотија, па може да се случи на подот да останат такви купови по чистењето.

––Употребувајте друга алатка за чистење за редовно да ги чистите.

ffАко POWERbot е исклучена, напојувањето не може да се вклучи со копчето [Напојување] на далечинскиот управувач. Притиснете го и држете го копчето [Старт/Стоп] на POWERbot.

ffАко батеријата стане речиси празна за време на режимот на автоматско чистење/максимално чистење, POWERbot повторно ќе се наполни

иќе го заврши чистењето на преостанатото место по повторното полнење. (Честота на повторување на чистењето: еднаш)

ffНе може да го изберете и извршите режимот на максимално/рачно чистење за време на полнењето.

ffНемојте непотребно да ја поместувате POWERbot или да притискате копчиња додека е во режим на автоматско/максимално чистење. Во тој случај, POWERbot ќе си претпостави дека чистењето е завршено и повторно ќе започне со чистење од почеток.

Чистење и одржување

Забелешка

ffАко ги измивте кантичката за прав и филтерот со вода

––Кантичка за прав: Целосно избришете ги сите траги од вода.

––Филтер: Целосно исушете го под сенка пред употреба.

Опомена

ffВнимавајте на прстите кога го прикачувате или откачувате филтерот, бидејќи може да се заглават во влезот за вшмукување на кантичката за прав.

МАКЕДОНСКИ-22