Безбедносни информации

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Во врска со

напојувањето

ffСпречете каков било ризик од струен удар или пожар.

––Немојте да го оштетувате кабелот за напојување.

––Не влечете го кабелот за напојување и не допирајте го штекерот со влажни раце.

––Не употребувајте друг извор за напојување освен од 100-240 V~ и не употребувајте приклучница со повеќе влезови за снабдување со енергија на повеќе уреди истовремено. (Не оставајте го кабелот невнимателно на подот.)

––Не употребувајте оштетен штекер, кабел или разлабавен штекер.

ffИсчистете ја правта или сите туѓи материи на иглата и делот за контакт од штекерот.

––Постои ризик од струен удар или неправилно работење.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред употребаffНе употребувајте ја POWERbot во близина на согорливи материјали.

––Не ставајте ја на места во близина на свеќи, ламби за на биро, огниште или во близина на согорливи материјали како бензин, алкохол, разредувачи и т.н.

ffPOWERbot е наменета за домашна употреба, па немојте да ја употребувате во поткровја, подруми, складишта, индустриски објекти, простор на отворено, места со влага (како на пример бања, пералница), на маса или полици.

––POWERbot може да се оштети или да не работи правилно.

ffМонтирајте го Virtual guard пред опасни места (како на пример скали или огради) за да спречите оштетување на производот или да се повредите.

––Од безбедносни причини секогаш одржувајте го сензорот за дупки чист.

ffПогрижете се POWERbot да не поминува низ или да допира какви било течности.

––POWERbot може сериозно да се оштети и може да ги контаминира другите места ако тркалата поминат низ течност.

ffНемојте да истурате какви било течности врз полначот.

––Постои опасност од пожар или струен удар.

ffНе го употребувајте полначот за ништо друго освен за тоа што е наменет.

––Постои опасност од пожар или сериозно оштетување на полначот.

ffОд безбедносни причини секогаш одржувајте го сензорот за дупки чист. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ При употреба

ffАко POWERbot произведува некакви абнормални звуци, мириси или чад, веднаш исклучете го прекинувачот за опасност на долниот дел од POWERbot и обратете се во сервисен центар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Чистење и

одржување

ffКога кабелот за напојување е оштетен, обратете се во сервисен центар за да го замени овластен сервисер.

–– Постои опасност од пожар или струен удар.

ffКонсултирајте се сервисен центар на Samsung Electronics кога менувате батерии.

––Користење батерии од други производи може да предизвика неправилно работење.

МАКЕДОНСКИ-06