Безбедносни информации

Важни безбедносни инструкции

При употреба на електричен апарат, придржувајте се кон основните мерки за претпазливост, во кои спаѓаат:

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ УПАТСТВА ПРЕД УПОТРЕБА на POWERbot.Извадете го кабелот од приклучокот кога не се користи и пред одржување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: за да ја намалите опасноста од пожар, електричен удар или повреда:

ОПШТОУпотребувајте го уредот само како што е опишано во упатството.

Не употребувајте ја POWERbot или полначот (станицата) ако се оштетени на каков било начин.

Ако правосмукалката не функционира како што треба, ви падне, се оштети, остане надвор или се потопи во вода, вратете ја во центарот за грижа на корисници.

Не ракувајте со полначот (станицата) или со POWERbot со влажни раце.Употребувајте ја само на суви површини во затворени простории.

Уредот може да го користат деца постари од 8 години, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку бидат надгледувани или им се дадени упатства за користење на апаратот на безбеден начин и доколку ја разбираат опасноста која им се заканува.

Децата не смеат да играат со уредот. Децата не смеат да го чистат уредот или да изведуваат корисничко одржување без надзор.

Полнач за БАТЕРИЈАТА (станица)

Не го модифицирајте поларизираниот приклучок за да може да влезе во неполаризиран приклучок за напојување или продолжителен кабел.

Не ја употребувајте надвор или на влажни површини.

Извадете го полначот (станицата) од штекер кога не се користи и пред да вршите поправки.

За повторно полнење употребувајте го само полначот (станицата) кој е испорачан од производителот.

Да не се употребува со оштетен кабел или приклучок или со разлабавен штекер.

Немојте да влечете или подигате за кабелот, да го користите кабелот како рачка, да затворате врата преку кабелот и да го влечете кабелот околу остри рабови или агли. Чувајте го кабелот подалеку од загреани површини.

Не употребувајте продолжителни кабли или штекери со несоодветна преносливост на струја.

Не откачувајте го кабелот од приклучокот за напојување со влечење. За да го исклучите од струја, повлечете го приклучокот, а не кабелот.

МАКЕДОНСКИ-04