ОПОМЕНА Пред употреба

ffСтавете ја кантичката за прав пред да ја употребувате POWERbot.

ffОтворете ги вратите од собите пред да чистите, за да бидат сите соби исчистени и поставете Virtual guard пред секој влез, балкон, бања или места од каде што POWERbot би можела да падне.

ffВнимавајте на следниве нешта за правилно автоматско повторно полнење.

––Секогаш вклучувајте го напојувањето на полначот.

––Инсталирајте го полначот на место каде што POWERbot може лесно да го најде.

––Немојте да оставате предмети пред полначот.

ffПри инсталирање на полначот, немојте да го оставате кабелот невнимателно на подот, бидејќи POWERbot може да се заплетка со него.

ffНе употребувајте ја POWERbot на подови со црна боја.

––POWERbot може да не биде во состојба на работи нормално.

ffНе кревајте ја POWERbot за рачката од кантичката за прав.

ffНе ставајте никакви предмети на растојание помало од 0,5 m од двете страни и од 1 m од предниот дел на полначот.

ffПогрижете се контактот за полнење од полначот да не биде оштетен и да нема никакви туѓи материи на него.

ffНе поставувајте го полначот на место со темен под.

––Ако подот околу полначот е темен, повторното полнење е попречено.

ffОтстранете ги сите пречки што може да го нарушат движењето на POWERbot (како на пр. детски нишалки и лизгавици за домашна употреба) пред да чистите.

ОПОМЕНА При употреба

ffСо употреба на POWERbot на дебел килим може да се оштетат и POWERbot и килимот.

––POWERbot не може да помине преку килим што е подебел од 1 cm.

ffНе употребувајте ја POWERbot на маси или други високи површини.

––Постои опасност од оштетување ако падне.

ffPOWERbot може да се судри со столица, ногалки на биро, па затоа поместете ги настрана за побрзо и ефикасно чистење.

ffДодека POWERbot работи, немојте да ја кревате или да ја носите на друго место.

ffНе држете за тркалата за придвижување на

POWERbot кога ја носите на друго место.

ffНе ставајте предмети врз POWERbot, затоа што може да предизвикаат неправилно функционирање.

ffВеднаш отстранете ги сите големи хартии или пластични ќесиња кога ја употребувате POWERbot, затоа што може да го блокираат влезот за вшмукување.

ffНемојте да го насочувате црвениот покажувач кон луѓе и животни.

ОПОМЕНА Чистење и одржување

ffСпречете какво било оштетување на POWERbot придржувајќи се кон следниве нешта.

––Немојте да ја чистите POWERbot со распрскување вода директно на неа или да користите бензол, разредувач, ацетон или алкохол за да ја исчистите.

ffНемојте да ја расклопувате или поправате POWERbot. Ова треба да го стои овластен сервисер.

ffСекогаш одржувајте ги сензорот за пречки и сензорот за дупки чисти.

––Ако се насоберат туѓи материи, сензорите може да не работат правилно.

МАКЕДОНСКИ-07