ffЗа да избегнете блокирање со туѓа материја, немојте да дозволувате во POWERbot да се вшмукуваат чепкалки за заби, чепкалки за уши итн.

ffАко е тешко да ги отстраните туѓите материи од Power четката, обратете се во сервисен центар.

ffБидејќи Рower четката ја отстранува нечистотијата од подот при чистењето, туѓите материи како конец, долги влакна итн. може да се фатат во неа. Затоа, проверувајте ја и чистете ја редовно.

За батеријата

Забелешка

ffКупувајте батерии од сервисни центри и проверувајте го името на моделот и видете дали

го имаат симболот за оригинален дел () пред да ги купите.

ffОваа батерија е исклучиво за Samsung Electronics POWERbot; немојте да ја употребувате за друг производ.

ffНемојте да ја расклопувате или модифицирате.

ffНемојте да ја фрлате батеријата во оган или да ја загревате.

ffНемојте да поврзувате метални предмети на контактот за полнење (+, -).

ffЧувајте ја во затворен простор (на 0°C ~ 40°C).

ffАко батеријата не работи правилно, немојте сами да ја расклопувате; обратете се во најблискиот сервисен центар.

ffКолку повеќе се употребува батеријата, времето на полнење на батеријата и времето на употреба може да се намалат. Ако работниот век на батеријата е надминат, нека ја заменат во сервисен центар.

За IrDA сензорот

Опомена

ffПренесувањето на инфрацрвениот сигнал може да не биде без тешкотии на места изложени на халогенски ламби или на места на отворено.

ffPOWERbot користи 3 типа на инфрацрвени уреди, а уредот може да не работи пред друг уред со поголем приоритет.

––Приоритет на инфрацрвениот сигнал: Далечински управувач > Virtual guard > Полнач

ffПри контролирање на POWERbot со далечинскиот управувач, POWERbot може да ја премине невидливата бариера поставена од Virtual guard и да влезе на место на коешто не сакате да влезе, бидејќи сигналот на управувачот е со поголем приоритет.

ffРазличните инфрацрвени сигнали може да си пречат еден на друг и да предизвикаат неправилно функционирање на уредите ако се употребуваат заедно во мал простор или на блиско растојание.

ffИнсталирајте го Virtual guard подалеку од полначот, бидејќи автоматското полнење може да биде прекинато ако Virtual guard е блиску до полначот.

ffАко истовремено се употребуваат неколку POWERbot правосмукалки, тие може да не работат правилно поради мешање на инфрацрвените сигнали.

МАКЕДОНСКИ-23