Автоматско полнење

Кога индикаторот за батеријата трепка за време на чистењето, POWERbot ќе се врати до полначот за да си се наполни автоматски.

Повторно полнење

Може да ѝ наредите на POWERbot да се полни повторно на полначот додека е во процес на чистење.

Слаба батерија (Lo)

Рачно наполнете ја POWERbot ставајќи ја на полначот.

Чекори што треба да се преземат ако не се изврши повторно полнење

Проверете го статусот на инсталацијата на полначот кога:

ffполначот се наоѓа на место до коешто POWERbot не може да пристапи лесно

ffрастојанието од полначот до POWERbot е над 5 m

––Може да биде потребно долго време за POWERbot да се врати до полначот за повторно полнење

Полнете ја рачно POWERbot кога:

ffполначот се наоѓа во агол

ffбатеријата е целосно испразнета

ffPOWERbot е заглавен со пречки (мебел итн.)

ffPOWERbot не може да се искачи преку праг што се наоѓа во близина на полначот (Висина на прагот што POWERbot може да го искачи: околу 1,5 cm и помалку)

ffкога индикаторот на батеријата трепка и се прикаже „Lo“

ffкога POWERbot е поставен на режим на чистење на поединечно место или рачно чистење

МАКЕДОНСКИ-11