Немојте да ги оштетувате или палите батериите, бидејќи тие може да експлодираат при високи температури.

Не обидувајте се да го отворите полначот (станицата). Поправките може да ги извршува само квалификуван центар за грижа на корисници.

Немојте да го изложувате полначот (станицата) на високи температури или да дозволите каква било влага да дојде во контакт со полначот (станицата).

POWERbot

Не собирајте тврди или остри предмети како што се стакло, клинци, завртки, парички итн.

Не употребувајте ја без ставен филтер. При сервисирање на уредот, никогаш не ставајте прсти или други предмети во кабината на вентилаторот во случај уредот ненамерно да се вклучи.

Не ставајте никакви предмети во отворите. Не употребувајте ја кога отворите се блокирани; погрижете се на отворите да нема прав, конци, влакна и сè што би можело да го намали протокот на воздух.

Не собирајте токсични материјали (средство за белење со хлор, амонијак, средство за одзатнување одводи итн.).

Не собирајте предмети кои горат или чадат, како што се цигари, кибрит или жежок пепел.

Не ја употребувајте за собирање запаливи течности или течности кои согоруваат како што е бензинот, ниту пак во области каде што има присуство на такви течности.

Места во кои има свеќи или ламби за на биро на подот.Места во кои има огниште (оган или жар) кое не се надгледува.

Места во кои им дестилиран алкохол, разредувач, пепелници со запалени цигари итн.

POWERbot не треба да се користи во затворен простор во кој има испарување од бои со маслена основа, разредувач, средства против молци, запалив прав или други експлозивни или токсични испарувања.

При претерана употреба или екстремни температурни услови, може да дојде до протекување на батеријата. Ако течноста допре на кожата, брзо измијте ја со вода. Ако течноста навлезе во очите, веднаш почнете да ги плакнете со чиста вода, најмалку 10 минути. Побарајте помош од медицинско лице.

МАКЕДОНСКИ-05