Безбедносни информации
Безбедносни информации
Не користете природен сапун за миење раце во машината за перење.
•Доколку се стврдне и акумулира во самата машина за перење, може да предизвика проблеми на производот, избледување, ‘рѓа или лош мирис.
Ставете ги чорапите и градниците во мрежа за перење и исперете ги заедно со останатите алишта.
Немојте во мрежата да перете големи парчиња алишта, како на пример постелнина.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреда поради абнормални вибрации.
Не користете стврднат детергент.
•Доколку се акумулира во самата машина за перење, може да предизвика истекување на вода.
Проверете дали џебовите од сите алишта за перење се празни.
•Тврди, остри предмети како парички, игли, клинци, завртки или камчиња може сериозно да го оштетат уредот.
Немојте да перете облека со големи токи, копчиња или други тврди метални предмети.
Распределете ги алиштата по боја според нивната издржливост на избледување и изберете го препорачаниот циклус, температурата на водата и дополнителните функции.
•Ова може да предизвика избледување или оштетување на ткаенината.
Внимавајте да не им ги притиснете прстите на децата со вратата кога ќе ја затворате.
•Доколку не се придржувате кон ова може да дојде до повреди.
Сериозни предупредувања при чистењетоПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не чистете го уредот со директно прскање вода врз него.
Немојте да користите јако средство за чистење со киселини.
Не употребувајте бензол, разредувач или алкохол за чистење на уредот.
•Ова може да предизвика избледување, деформирање, оштетување, електричен удар или пожар.
Извлечете го штекерот од приклучокот, пред да почнете со чистење или одржување.
•Доколку не постапите така, се изложувате на струен удар или пожар.
14 Македонски
|
| 2018/2/21 10:12:23 | |
|
| ||
|
|
|
|