Најави се

Прво мора да се најавите на SmartThings со профилот од Samsung. За креирање нов Samsung профил, следете го упатството на апликацијата. Не ви е потребна одделна апликација за да креирате профил.

ЗАБЕЛЕШКА

Ако имате Samsung профил, користете го за да се најавите. Регистриран корисник на паметен телефон Samsung се најавува автоматски.

За регистрирање на уредот на SmartThings

1.Погрижете се паметниот телефон да биде поврзан со безжична мрежа. Ако не е, одете до Settings (Поставки) и вклучете ја безжичната врска и изберете AP (Пристапна точка).

2.Изберете да се извршува апликацијата SmartThings на паметниот телефон.

3.Кога ќе се појави пораката„A new device is found.“ (Пронајден е нов уред.), изберете Add (Додај).

4.Ако не се појави порака, изберете + и изберете ја машината за перење во листата на достапни уреди. Ако машината за перење не е наведена, изберете Device Type (Тип на уред) > Specific Device Model (Конкретен модел на уред), а потоа рачно додајте ја машината за перење.

5.Регистрирајте ја машината за перење на апликацијата SmartThings app на следниот начин.

a.Најавете се на SmartThings со профилот на Samsung.

b.Вклучете ја Wi-Fi врската.

c.Додајте ја машината за перење на SmartThings. Погрижете се машината за перење да биде поврзана со SmartThings.

d.Кога регистрацијата е завршена, машината за перење ќе се појави на паметниот телефон.

Апликација Washing Machine

Интегрирана команда: Може да ја следите и контролирате машината за перење дома и додека сте излезени.

Изберете ја иконата Washing Machine на SmartThings. Се појавува страницата Washing Machine.

Проверете го статусот на операцијата или известувањата поврзани со машината за перење и променете ги опциите или поставките ако е неопходно.

Oперации

Македонски  47

WD90N740NOA_DC68-03902D_MK.indd 47

 

 

2018/2/21 10:12:30