Smart Check
За да ја активирате оваа функција, мора прво да ја преземете апликацијата„Samsung Smart Washer“ од Play Store или Apple Store и да ја инсталирате на мобилен уред што има камера/фотоапарат.
Функцијата Smart Check (Паметна проверка) е оптимизирана за: Galaxy и iPhone серии (само за одредени модели).
1.Кога машината за перење ќе детектира проблем што треба да се провери, на екранот се појавува код со информација. За да влезете во режимот Smart Check, истовремено притиснете ги и држете ги копчињата Rinse (Плакнење) и Spin (Центрифуга) во рок од 3 секунди.
2.Машината за перење започнува со постапката за самодијагноза и на неа се прикажува информативен код ако дојде до проблем.
3.Активирајте ја апликацијата Samsung Smart Washer (Samsung паметна машина за перење) на вашиот мобилен уред, па допрете на Smart Check.
4.Ставете го мобилниот уред во близина на екранот на машината за перење така што мобилниот уред и машината за перење ќе бидат свртени еден кон друг. Потоа, апликацијата автоматски го препознава информативниот код.
5.Кога информативниот код е правилно препознат, апликацијата обезбедува детални информации за проблемот со применливите противреакции.
ЗАБЕЛЕШКА
•Името на функцијата, Smart Check, може да се разликува во зависност од јазикот.
•Ако има јака светлина којашто се рефлектира од екранот на машината за перење, апликацијата може да не го препознае информативниот код.
•Ако апликацијата не го препознава кодот за Smart Check (Паметна проверка) последователно, рачно внесете го информативниот код на екранот на апликацијата.
Одржување
Македонски 51
|
| 2018/2/21 10:12:30 | |
|
| ||
|
|
|
|