Одржување

Одржување

Одржувајте ја машината за перење чиста за да спречите намалена ефикасност и да го зачува работниот век на машината.

Eco drum clean (Еколошко чистење на барабанот)

Извршувајте го овој циклус редовно за чистење на барабанот, а потоа отстранете ги бактериите од него. Со овој циклус исто така се отстранува акумулираната нечистотија од гумениот дихтунг на вратата.

1.Притиснете на Напојување за да ја вклучите машината за перење.

2.Завртете го Избирачот на циклуси за да изберете ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ).

3.Притиснете и задржете го копчето Старт/Пауза (Задржете за старт).

ЗАБЕЛЕШКА

Температурата на водата за ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) е поставена на 70°C и не може да се промени.

ВНИМАНИЕ

Немојте да користите какви било средства за чистење при чистењето на барабанот. Остатоците од хемикалии во барабанот штетно влијаат врз ефикасноста на перењето.

Потсетник за ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ)

Потсетникот за ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ) се појавува на главниот екран еднаш на секои 40 перења. Се препорачува редовно да извршувате ECO DRUM CLEAN (ЕКОЛОШКО ЧИСТЕЊЕ НА БАРАБАНОТ).

Кога прв пат ќе го видите овој потсетник, истиот може да го игнорирате во следните 6 последователни перења. Почнувајќи од 7то перење, потсетникот ќе престане да се појавува. Меѓутоа, ќе се појави повторно при второто четириесетто перење.

50  Македонски

WD90N740NOA_DC68-03902D_MK.indd 50

 

 

2018/2/21 10:12:30