Delay End (Одложено Завршување)
Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор на време на одложување од 1 (60 минути) до 24 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на циклусот на перење.
1.Изберете циклус. Потоа, променете ги нагодувањата за циклуси ако е потребно.
2.Постојано притискајте на Delay End (Одложено завршување) (копчето +/- ) додека не го поставите саканото време на завршување.
3.Притиснете и задржете го копчето Старт/Пауза (Задржете за старт). Индикаторот Delay End (Одложено завршување) трепка, а машината за перење го врти барабанот за да ја процени тежината на алиштата за перење ако за избраниот циклус е претходно избрана проценка на алиштата за перење. Кога ќе заврши, го прикажува поставеното време додека работи тајмерот.
4.За да ја откажете опцијата Delay End (Одложено завршување), рестартирајте ја машината за перење притискајќи на Напојување.
Анализа на случај
Ако излегувате во 5 часот попладне и сакате да се погрижите дека циклусот на перење во траење од 2 часа ќе заврши дотогаш, изберете ја опцијата Delay End (Одложено завршување). Едноставно изберете го нагодувањето за 3 часа и притиснете на Старт/Пауза (Задржете за старт) во 2 часот попладне. Машината за перење ќе започне да работи во 3 часот попладне и ќе заврши во 5 часот попладне. Погледнете го дијаграмот подолу со којшто се објаснети тајмирањата за овој пример.
|
|
|
|
|
|
| 2:00 pm | 3:00 pm | 5:00 pm |
|
| Поставете го Delay End (Одложено | Почеток | Крај |
|
| завршување) на 3 часа |
|
|
|
|
|
Активирај сензор
Иконата за активирање сензор светнува кога ќе изберете циклус што поддржува проценка на тежината на алиштата за перење. Некои циклуси можеби не поддржуваат проценка на тежината на алиштата за перење. Штом ќе го стартувате циклусот, иконата трепка или останува неактивна за време на процесот на проценка на тежината на алиштата за перење и се исклучува штом процесот заврши.
Македонски 41
Oперации
|
| 2018/2/21 10:12:29 | |
|
| ||
|
|
|
|